Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Зоран Јовановски е првиот Македонец кој ќе настапи на Зимска параолимпијада
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Зоран Јовановски е првиот Македонец кој ќе настапи на Зимска параолимпијада
СПОРТ

Зоран Јовановски е првиот Македонец кој ќе настапи на Зимска параолимпијада

Објавено February 21, 2026 18:35
Сподели
Сподели

Струмичанецот Зоран Јовановски ќе биде првиот македонски параолимпиец кој ќе настапи на Зимска параолимпијада, откако беше потврден неговиот настап на Зимски параолимписки игри Милано – Кортина 2026.

Информацијата ја соопшти Скијачката Федерација на Македонија, истакнувајќи дека станува збор за историски чекор за македонските скијачки спортови и значаен успех за параспортот во државата.

Од Федерацијата потенцираат дека настапот на Јовановски претставува доказ дека со визија, системска работа и посветен тим можат да се поместуваат границите и да се испишуваат нови страници во спортската историја на Македонија.

Овој успех, како што се наведува, е резултат на долгогодишна работа, поддршка и вложување во развојот на параскијањето во земјата, упатувајќи јавна благодарност до тренерите Јане Стефанов и Петар Илев за професионалноста, посветеноста и вербата, и за Вангел Тркаљанов, кој го донесе параскијањето во државата и организираше повеќе од 20 скијачки кампови.

Од Федерацијата нагласуваат дека остануваат цврсто посветени на развојот на скијачките спортови, создавање еднакви можности и градење систем што ќе овозможи нови генерации спортисти да стигнат до најголемите светски сцени.

Со овој настап, Струмица и Македонија ќе добијат свој претставник на најголемата зимска спортска сцена за спортисти со попреченост – момент што веќе се оценува како историски за македонскиот спорт.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Обичаи што треба да се почитуваат за Прочка
Следна Статија (ВИДЕО) Под притисок на Вучиќ, жена јавно кажа дека не е биолошка мајка на детото што го чува

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алвеш: Посреќен бев во затворот, отколку кога заработував милиони од фудбалот

Поранешниот бразилски репрезентативец Дани Алвеш изјави дека бил посреќен додека бил во затвор, отколку кога заработувал милиони евра како професионален…

July 15, 2026
СПОРТ

Овој дрес на Пеле вреди вистинско богатство

Дресот што бразилската фудбалска легенда Пеле го носеше во финалето на Светското првенство во 1958 година е продаден за 4,88…

July 17, 2026
СПОРТ

Во 2019 година, Федерер инвестираше во компанија која сега има приходи од 2,4 милијарди евра

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Роџер Федерер (43) во кариерата заработил повеќе од 120 милиони евра од турнири,…

March 6, 2025
СПОРТ

Почина Дражен Далипагиќ – легендата на југословенската кошарка

Легендарниот југословенски кошаркар Дражен Далипагиќ почина утрово во Белград на 73-годишна возраст по долго и тешко боледување, објави КК Партизан,…

January 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?