Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Изборниот законик блокиран – рокот истекува во среда
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Изборниот законик блокиран – рокот истекува во среда
ПОЛИТИКА

Изборниот законик блокиран – рокот истекува во среда

Објавено July 13, 2026 18:11
Сподели
Сподели

Политичката партија Левица реагираше на одлуката на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија да не учествува на координативната средба на опозициските партии, која Левица најави дека ќе ја иницира со цел усогласување на заеднички став во врска со измените на Изборниот законик. Од Левица со обвинување до СДСМ, дека ја одбива координацијата на опозицијата околу изборната реформа само поради сопствен интерес.

-Особено е симптоматично што партијата која со години тврдеше дека поддржува една изборна единица, денес одбива дури и да седне на маса за да разговара за таква реформа. Ако сè уште се за една изборна единица, тогаш што ги спречува да учествуваат во разговорите? Ако веќе не се, нека имаат достоинство тоа да му го кажат на своето членство, велат од Левица.

И пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, ја обвини опозицијата дека не сака нов Изборен законик, туку блокада. Тој рече дека по четири месеци преговори, опозицијата повторно бара експертски дебати, јасен знак, според него, дека постои договор меѓу опозициските партии да не ги прифатат законите.

„Се преговараше со месеци, повеќе од четири месеци, а потоа кога требаше да се предложи законот, се повлекоа – што директно нè води до заклучок дека опозицијата едноставно нема интерес овој закон да биде усвоен и да го исполниме последниот бенчмарк што го имаме како услов од реформската агенда“, изјави Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ одговорија прашувајќи: ако ВМРО-ДПМНЕ е толку силна, зошто инсистира на неконтролирано гласање на дијаспората?

-Овие „големи патриоти“ со бугарско државјанство, европски пасоши и фирми во Бугарија, сега се загрижени за својата судбина. Не за иднината на Македонија, туку за сопствената одговорност. Затоа сакаат да манипулираат со следните избори, за да ја одложат правдата што неизбежно доаѓа. Народот не е наивен. Лагите, манипулациите и изборните кражби повеќе не поминуваат, велат од СДСМ.

Пратеничката на ДУИ, Арбана Пашоли, изјави дека не добиле никаква покана за средба, но нагласи дека ДУИ секогаш е за институционален дијалог.

Ставовите на албанските партии се дека дијаспората треба да гласа.

Во спротивно, рокот за измена на Изборниот законик според реформската агенда е до среда.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лукаревска: Министерството за земјоделство ќе го води човек кој ништо нема поврзано со земјоделието
Следна Статија Лина Ѓорческа поразена во првото коло на турнирот во Рим

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВЛЕН: Коалицијата НАИ е во фаза на неизбежно распаѓање

Коалицијата НАИ, изградена без кауза, без визија и без јасна политичка ориентација, влегува во фаза на неизбежно распаѓање. Она што…

November 19, 2025
ПОЛИТИКА

Славјанка Петровска откри зошто декласификацијата предизвикува нервоза кај власта

Пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, изјави дека барањето за целосна декласификација на документите предизвикало паника и нервоза кај власта, која…

September 7, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Јаневска да се вразуми и да ја повлече штетната Концепција за гимназиско образование

Предложената Концепција за гимназиско образование на министерката Јаневска е на директна штета на учениците, наставниот кадар и иднината на образовниот…

January 29, 2025
ПОЛИТИКА

Села бара нова химна, Димитриевски за инает му врати на албански

Според Зијадин Села, на Македонија и е потребна нова државна химна. Државната химна треба да се смени, со взаемно разбирање…

December 19, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?