Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ковачки: Дали Ахмети мисли дека некој ќе му дозволи да си игра со стабилноста на Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Ковачки: Дали Ахмети мисли дека некој ќе му дозволи да си игра со стабилноста на Македонија
ПОЛИТИКА

Ковачки: Дали Ахмети мисли дека некој ќе му дозволи да си игра со стабилноста на Македонија

Објавено October 30, 2024 13:20
Сподели
Сподели

Во вчерашна емисија Заспиј ако можеш, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, изрази јасен став во однос на писмата на Али Ахмети, и албанските политички претставници во Македонија. Ковачки ја рефлектираше актуелната политичка динамика, и покажа дека ВМРО-ДПМНЕ се позиционира како легитимна сила која ги застапува интерсите на сите грѓани на Македонија.

„Не доаѓа во предвид Али Ахмети да биде тој кој што ќе прави споредби и ќе биде лидер на Албанците. Тој не е веќе лидер на албанците. Албанците имаат свои лидери и тие лидери се во Владата на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Ковачки.

Според Ковачки, актуелната структура на власта ги репрезентира Албанците.

„Во македонската Влада седат лидерите на Албанците, тие се репрезентите на Албанците во моментот. Имаат Албанците претставници и во парламентот. А Али Ахмети, тој негов Европски фронт во моментот се распаѓа“, кажа Ковачки.

Ковачки нагласи дека Ахмети не може да се претставува како единствена сила која ги обединува Албанците.

„Меѓутоа Али Ахмети не е репрезент на сите албанци. Тој се претставува дека ги обединува сите албанци и зборува во нивно име. Видовме тој колку им мисли, видовме каде живее во какви и хациенди, колку се грижи за обичните Албанци, јасно им е на сите и затоа веќе тие не се дел од македонската власт“, изјави Ковачки.

Тој се осврна и на однесувањето ДУИ, и нивниот повторен обид за манипулации и закани.

„Таа дописна агенција наречена ДУИ во моментов нема друга опција освен да се заканува и да објаснува дека тие немаат игра, тие цело време можат да играат на етничка карта“, истакна Ковачки.

Ковачки потенцираше став на премиерот Христијан Мицкоски, кој ја исклучува дискусијата за етничките прашања

„Премиерот, Христијан Мицкоски, кажа дека етничките прашања нема да бидат дискутирани. Македонија треба да се развива, а ние веќе тргнавме напред, Ахмети повторно сака да не навраќа на некои работи кои се затворени“, рече Ковачки.

Кoвачки дополнително укажа на недоследностите во комуникацијата на Ахмети.

На Али Ахмети не му се исти писмата до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и до странските амбасади. Тие се разликуваат во одредени сегменти, некаде има закани некаде нема. Ме интересира како може Али Ахмети да се заканува во оваа држава со дестабилизација и со пред воена состојба во земја членка на НАТО во услови кога имаме војна која беснее на тлото на Европа. Дали господинот Али Ахмети мисли дека некој ќе му дозволи да си игра со стабилноста на Македонија. Јас мислам дека е надвор од разумот, и треба да се праша дали живее во имагинација или во реалниот свет“, дециден е Ковачки.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ројтерс: Винисиус останал без наградата поради неговата борба против расизмот?
Следна Статија Мицкоски: Не сме лековерни како Османи, Маричиќ и Ковачевски да веруваме на интересите на трети страни

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Донесена резолуција на собранието на Алијансата за Албанците на Таравари: Веднаш се потребни дејствувања и промени

Собранието на Алијанса за Албанците, крилото чиј лидер е Арбен Таравари, донесе резолуција со осум точки која ја прифатија сите…

April 6, 2025
ПОЛИТИКА

Плусинфо: Дали кампањата на Османи ја води вработен во МНР?

Порталот дознава дека службениот и-мејл и телефонот на извесниот Мемет Жаку, вработен во Министерството за надворешни работи, е употребен за…

August 24, 2025
ПОЛИТИКА

Taравари: Mногу легитимно е од премиерот Мицкоски што бара гаранции

Според министерот за здравство Арбен Таравари, по изборите во Бугарија и изборите во САД, ќе се изнајде решение што ќе…

October 24, 2024
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Груби и неговите помагачи мора кривично да одговараат пред македонските органи

Aртан Груби мора да сноси одговорност за криминалните дејствија. Тој се најде на црната листа на САД поради криминални и…

December 14, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?