Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кос: ЕК ќе помага во спорот меѓу Бугарија и Македонија, останува обврската за промена на Уставот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Кос: ЕК ќе помага во спорот меѓу Бугарија и Македонија, останува обврската за промена на Уставот
МАКЕДОНИЈА

Кос: ЕК ќе помага во спорот меѓу Бугарија и Македонија, останува обврската за промена на Уставот

Објавено November 7, 2024 20:10
Сподели
Сподели

Обврската за Македонија за впишување на Бугарите во Уставот останува. Ова е ставот на, Марта Кос, која попладнево ја доби довербата, односно беше потврдена како иден евркомесар за проширување од Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент. Кос во контекст на уставните измени на Македонија се повика на напишаното во најновиот Извештај на Комисијата за земјава.

„Ние очекуваме дека земјата-кандидат, Северна Македонија, ќе го смени уставот како што ветила, ни повеќе ни помалку“, рече Кос, предлог за еврокомесар за проширување.

Кос денеска во неколкучасовното сослушување од европратениците зборуваше и за билатерализацијата на процесот на проширување, со став дека билатераланите спорови меѓу земјите-членки и земјите-кандидати да бидат решени најбрзо што е можно за да не се блокира проширувањето и да не се поткопува довербата во процесот.

„Интересите на земјите-членки, секако, се на прво место, но сметам, и тоа ќе биде моја работа и на другите колеги да направиме се што можеме да не внесуваме билатерални прашања во процесот на проширување“, изјави Кос, предлог за еврокомесар за проширување.

За случајот на Бугарија и Македонија за кој рече дека веќе има внесување на билатерален спор, посочи дека кога ќе има процес на преговори, постојат многу повеќе алатки како да и се помогне на земјата кандидат, но и на земјата-членка да се најде решение.

„Не постои друг начин и не можам да кажам датум, колку брзо или колку бавно ќе се развиваат работите, ни ние треба да го решиме спорот врз основа на нашите вредности. Значи, помагање на земјата-членка и помагање на земјата-кандидат ќе биде многу важен дел од мојата работа. Нема друг начин“, додаде Кос, предлог за еврокомесар за проширување.

Кос денеска пред европратениците рече дека проширувањето на Европската унија не е спринт, туку маратон. Според неа нови членки на Европската унија треба да стант само оние земји кои ги почитуваат вредностите на демократијата и владеењето на правото. Кос притоа рече дека таа поддржува амбициозност, но оти не може да има скратени патишта до членство, при што рече дека никогаш нема да прави компормис на квалитетот со брзината.

Кос која освен одговараше на прашања за проширувањето, евроинтегративни процеси на земјите-кандидатки, како да се обезбеди да нема назадување или застој во тие процеси, одговараше и за теми поврзани со нејзините семејни бинзиси и дали таа била соработник на тајните југословенски служби пред Словенија да се осамостои.

„Јас прочитав многу нови работи за мене за кои и не знаев. Ги сфатив серионо иако имаш многу лаги. Да се вратам на вашето прашање. Никогаш не сум била соработник или информатор на тајната служба на Југославија. Јас сум на таа ласти, но не незнам како“, изјави Кос.

Парламентарната група Обнова на Европа во Европскиот парламент и честиташе на Кос за нејзината посветеност да го искористи обновениот моментум околу проширувањето со поддржување на пристапот заснован на заслуги, при што мпоранешниот известувач за Македонија, Илхан Ќуќук и предочи дека таа ќе се соочи со тешки задачи – да најде начин да ја врати довербата на земјите-кандидатки да ги прават работите поинаку и да продолжат на европскиот пат, но и да ги убеди земјите-членки да им веруваат на земјите кои се пред вратите на Унијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЗОО Скопје во сабота ги отвара вратите за посетители
Следна Статија Германија ја тресе политичка криза во време кога животниот стандард тоне најмногу по Втората светска војна

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Христовски: Одговорно тврдам дека во целост ги исполнувам сите законски услови за именување на оваа позција

Именувањето на директор со одлука на Владата е реализирана во сериозна и внимателна постапка ценејќи ги сите законски услови за…

October 24, 2024
МАКЕДОНИЈА

УНЕСКО бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во нацрт-документот усвоен во рамки на годинашната 47. Сесија што се одржува во Париз…

July 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: До почетокот на јули ќе се комплетира листата за кандидати за градоначалници

Премиерот Христијан Мицкоски денеска соопшти дека на седницата на ИК на ВМРО-ДПМНЕ синоќа е донесеа одлука за осум нови кандидати…

June 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВО ЖИВО)Трибина: Локални и глобални предизвици од младинско значење

https://www.youtube.com/watch?v=agyVEe0Ap2k  

November 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?