Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Коцевски по предлогот за разрешување: Моите одлуки се законски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Коцевски по предлогот за разрешување: Моите одлуки се законски
МАКЕДОНИЈА

Коцевски по предлогот за разрешување: Моите одлуки се законски

Објавено February 11, 2025 18:48
Сподели
Сподели

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски ја демантира законската основа на предлогот за негово разрешување, поднесен од Владата, поради, како што беше наведено, наводно незаконскиот избор на раководител на Вишото јавно обвинителство Скопје.

Во писмена изјава до медиумите, Коцевски посочува дека Владата веројатно не ги имала на располагање сите релевантни информации при донесувањето на одлуката. Тој појаснува дека распоредот за работа на Вишото јавно обвинителство Скопје, донесен од обвинителот Хајрулахи, кој во моментов е суспендиран, важел до 31 декември 2024 година.

„Согласно тој распоред, лицата определени за негови заменици го имаа статусот на заменик до истекот на распоредот на 31 декември 2024 година. Од друга страна, распоредот за 2025 година е донесен од обвинителот Цветановски во јануари 2025, во момент кога истиот немаше својство ниту на заменик, ниту на шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје. Тоа значи дека ваквиот распоред не е донесен согласно закон и не може да произведува правно дејство“, истакнува Коцевски.

Тој додава дека, со потврдувањето на суспензијата на Цветановски, се јавила потреба за определување на јавен обвинител кој привремено ќе раководи со обвинителството.

„Не е првпат да се постапува на овој начин. Наш приоритет беше да се определи раководител кој ќе гарантира непристрасно и професионално работење на обвинителството до завршување на дисциплинската постапка против обвинителот Хајрулахи. Не станува збор за назначување на вршител на должност, туку за определување на привремен раководител“, додава Коцевски.

Тој потенцира дека сите негови постапки се во согласност со законот и дека неговата цел била да се обезбеди непречено и законито функционирање на обвинителството, како и заштита на јавниот интерес.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп до Вучиќ : Се радувам на зајакнувањето на нашето партнерство
Следна Статија Зеленски подготвен за размена на територии со Москва

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Инфлацијата на кандидати може да ги поскапи изборите

И покрај можната „инфлација“ на независни кандидати со само два потписа, претседателот на ДИК Борис Кондарко во интервју за Радио…

August 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денес e Св. Јован Златоуст: Се верува дека жените не треба да ги земаат ОВИЕ работи во раце

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 13 ноември. Денеска е Св. Јован Златоуст. Свети Јован Златоуст е еден…

November 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Основачите на ВМРО-ДПМНЕ со својата храброст и визија го создадоа тоа што денес е најголемата организација на Балканот

Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на секој еден од основачите, кој што, со своето дело, со својата храброст,…

June 19, 2026
МАКЕДОНИЈА

Ќе се тестира „Безбеден град“ на патот Охрид-Кичево – полицијата со апел до граѓаните за разбирање!

Секторот за внатрешни работи Охрид, денеска, во рамки на проектот „Безбеден град“ ќе спроведува активности за тестирање, калибрација и верификација…

January 27, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?