Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кошта: Иднината на Македонија е во ЕУ, но уставните измени остануваат клучен услов
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Кошта: Иднината на Македонија е во ЕУ, но уставните измени остануваат клучен услов
МАКЕДОНИЈА

Кошта: Иднината на Македонија е во ЕУ, но уставните измени остануваат клучен услов

Објавено June 2, 2026 19:54
Сподели
Сподели

Проширувањето е наша заедничка цел, а иднината на Македонија цврсто припаѓа во Европската Унија, порача попладнево претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта на заедничката прес-конференција во Владата со премиерот Христијан Мицкоски.

– Вашата Влада покажа посветеност и сакам да ги пофалам континуираните напори што ги вложувате. Особено би сакал да го истакнам неодамнешниот опиплив напредок во спроведувањето на реформската агенда кон усвојувањето на патоказите за владеење на правото и реформата на јавната администрација, што е значајно за пристапниот пат на Северна Македонија, но и за искористување на Планот за раст и пристапувањето. Исто така го поздравувам вашето целосно усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, рече Кошта.

Тоа, како што нагласи, испраќа силен сигнал за стратешката ориентација на Северна Македонија и за заедничките вредности што ги споделуваме.

– Но, усвојувањето на договорените уставни измени останува единствен начин за формално почнување на пристапните преговори. Тоа е единствениот начин за отклучување на целосните придобивки од членството во ЕУ за граѓаните на Северна Македонија, тоа значи Македонците. Единствен начин да се постигне напредок кон европската интеграција е преку конструктивен дијалог со соседите и преземање прагматични чекори за градење доверба и спроведување на неопходните реформи, изјави Кошта.

Премиерот Мицкоски го повтори ставот – дека Македонија останува цврсто определена кон европскиот пат и дека не бара привилегии, олеснети правила или нешто што не им припаѓа и на другите, туку принципи, кредибилен и предвидлив процес. Земјава, нагласи Мицкоски, бара процес во кој реформите, трудот, заслугите и исполнетите обврски ќе бидат вистински вреднувани.

Според Мицкоски, Владата во изминатиот период работеше посветено на реформската агенда и така ќе продолжи. Со Кошта, информира, разговарале за европската иднина, состојбите во регионот, реформите, економијата, владеењето на правото и институционалната трансформација.

-Разговаравме и за едно многу подлабоко прашање: дали европската идеја и понатаму останува идеја што инспирира, обединува и создава доверба? Нашата позиција е јасна. Остануваме цврсто определени кон европскиот пат. Не бараме привилегии, не бараме олеснети правила, не бараме нешто што не им припаѓа и на другите. Бараме принципи и нормално, кредибилен и предвидлив процес. Бараме процес во кој реформите, трудот, заслугите и исполнетите обврски ќе бидат вистински вреднувани. Во изминатиот период работиме посветено на реформската агенда, на јакнење на институциите, на стабилизирање на економијата, на привлекување инвестиции, на подобрување на јавните услуги и на создавање систем што ќе биде поефикасен, поправеден и поблиску до граѓаните. Но, исто така денес отворено разговаравме и за реалноста што ја чувствуваат нашите граѓани. После години чекање, компромиси, очекувања, исполнети барања и чести промени на политичкиот контекст, природно е да во одредена смисла чувствуваат поголема неизвесност, а од друга страна, потребна е поголема извесност. Токму затоа, денес е потребно лидерство. Потребна е јасност, потребна е доверба. Европа била најсилна тогаш кога покажувала визија, политичка храброст и доследност кон сопствените вредности, кога била простор на можности, правда и предвидливост, потенцира премиерот.

На средбата станало збор и за економската интеграција, инфраструктурното поврзување, енергетската сигурност, инвестициите, конкурентноста и за отварање нови перспективи за младите генерации.

Претседателот на Европскиот совет од вчера е во посета на Западен Балкан за да се сретне со лидерите од регионот и да биде копретседавач на самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват, Црна Гора, на 5 јуни. Кошта ќе разговара за можностите и предизвиците во врска со проширувањето, постепената интеграција, регионалната соработка, безбедноста и стабилноста.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВО ЖИВО) Прес на Кошта со Мицкоски
Следна Статија Калињак: Македонија неоправдано предолго чека пред вратите на ЕУ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Николоски од Абу Даби: Многу отворени теми и можности за силна соработка во повеќе сектори

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, како дел од владината делегација која е во официјална билатерална…

April 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска – прв македонски филм во каталогот на National Geographic, во трка за двоен „Оскар“

Документарниот филм „Приказната за Силјан“ на македонската режисерка Тамара Котевска е откупен од National Geographic Documentary Films, еден од најпрестижните…

September 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Туфегџиќ: Ќе се бара одговорност од јавните обвинители за обвинението на таткото на Вања

Адвокатот Владимир Туфегџиќ во Аргумент плус рече дека по правосилноста на пресудата ќе се бара одговорност на сите ниво од јавните обвинители…

June 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Борбата против инсталациите на СДСМ и ДУИ ќе биде долга, исцрпувачка и жестока, но македонските граѓани ќе ја добијат заслужената правда

„Што се однесува до одлуката и коментарот на Државната комисија за спречување на корупцијата можам да кажам дека инсталациите на…

November 11, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?