Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кој му се заканува на Гаши?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Кој му се заканува на Гаши?
МАКЕДОНИЈА

Кој му се заканува на Гаши?

Објавено February 18, 2025 19:00
Сподели
Сподели

Претседателот на Собранието Африм Гаши на службениот мејл добил електронска порака со заканувачка содржина, потврдија од неговиот Кабинет. Заканата што Гаши ја добил на електронската пошта е пријавена и во Министерството за внатрешни работи.

Оттаму за МИА информираат дека во Секторот за компјутерски криминал при МВР има пријава за таков случај и по истата соодветно се постапува, без да се посочуваат детали за тоа со каква содржина е заканата.

Медиумите попладнево објавија дека претседателот на Собранието добил електронска пошта со заканувачка содржина во врска со уставните измени и внесувањето на Бугарите во Уставот.

Гаши, како што се посочува, оваа порака ја добил по синоќешното интервју за „360 степени“ каде кажа дека по изборот на нова влада во Бугарија може да се пристапи кон решавање на спорот, но оти не може веднаш да се очекува некој голем успех во разговорите.

Гледајќи на овој проблем низ призма на заеднички интерес и на двете држави и на двата народа, македонскиот и бугарскиот, во смисла на регионална сигурност, мислам дека е од заеднички интерес да пристапиме кон решавање на овој спор. Односно, да се тргне бугарското вето за отворање на преговорите на нашата земја со ЕУ. Мислам дека Бугарија ништо не губи, напротив, јас сум убеден дека тие добиваат, но само треба да чекаме малку време да спласне тензијата, да се разговара на масата со аргументи. Да го сфатат и нашиот контекст. И мислам дека САД и Брисел, ако помогнат малку, убеден сум дека уште малку ни треба да се одврзе овој јазол, рече Гаши.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Владата донесе одлуки за ограничување на маржата на над 1000 производи
Следна Статија Реакција на кабинетот на Сиљановска на ДУИ: Вчера е испратена честитка до Вјоса Османи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Лекарите од „Козле“ од премиерот и министерот бараат разрешување на директорката

Револтот на лекарите и вработените во Детската болница „Козле“ не завршува. Поплаките почнаа кога беше избрана новата директорка, Каролина Симоновска, …

December 19, 2024
МАКЕДОНИЈА

МВР „чешла“ дивоградби во Чаир и Сарај, а ќе проверува и во Кисела Вода и Аеродром

Повеќе оддели во рамки на МВР – организиран криминал, крим полиција, СВР Скопје во текот на вчерашниот ден влегле во…

July 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

МВР гради партнерства: Тошковски во посета на Центарот за борба против тероризам на Унгарија

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во рамките на посетата на Будимпешта каде предводеше делегација на МВР на 7 Министерска…

November 13, 2024
МАКЕДОНИЈА

Стабилна е состојбата на сите 15 македонски пациенти кои се хоспитализирани во Бугарија

Состојбата на сите 15 повредени во пожарот во Кочани кои се хоспитализирани во Бугарија, е стабилна, изјави синоќа бугарскиот министер…

March 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?