Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кузеска: Лекот „фостер“ поскапе, а бесплатниот го нема во аптеките
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Кузеска: Лекот „фостер“ поскапе, а бесплатниот го нема во аптеките
ПОЛИТИКА

Кузеска: Лекот „фостер“ поскапе, а бесплатниот го нема во аптеките

Објавено July 8, 2026 14:17
Сподели
Сподели

Владата ги изигра и излажа пациентите кои боледуваат од астма и хронична опструктивна белодробна болест, обвини портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конфенција. Покрај зголемувањето на цената на лекот „фостер“ околу 300 на 1 080 денари, во аптеките го нема ниту заменскиот лек, вели Кузеска.

„Во оваа сиромаштија во која ВМРО ги доведе граѓаните, многу пациенти едноставно немаат можност да издвојат уште 780 денари плус за терапија без која не можат нормално да живеат. Фондот им вети на пациентите бесплатен генерички лек како замена за лекот ’фостер’. А, сега ниту тој генерички лек кој на рецепт е бесплатен, според информациите кои стигнаа до нас, се уште го нема во аптеките. Ова е бесрамно поигрување со здравјето на хронично болните пациенти чие здравје зависи од овој лек,“рече Кузеска.

Кузеска додава дека станува збор за неопходен лек, терапија за која пациентите не може да чекаат.

„За пациентите со астма и хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ), тоа е секојдневна терапија без која болеста може сериозно да се влоши. Овие пацинети зависат од редовната терапија, и секое нередовно земање на лекот може сериозно да го влоши нивното здравје. Кој ќе понесе одговорност тогаш“,додава Кузеска.

Таа посочи дека не се случува за прв пат граѓаните да останат без неопходна терапија, потсети дека минатата година и онколошките пациенти немаа биолошката терапија.

„Најиронично е што човекот кој направи хаос во Фондот за здравство, Мицкоски го награди со министерска функција и тоа повторно во ресорот здравство. После две години од ВМРО на власт, се случува распад на здравствениот систем кој не може да го заштити она што е највредно – здравјето на граѓаните. Наместо функционален здравствен систем, имаме систем во кој пациентите секојдневно стравуваат дали ќе ја добијат терапијата што им го спасува здравјето“,вели Кузеска.

Вчера директорот на ФЗО Сашо Клековски одржа прес-конефенција на која соопшти дека од 1 јули неколку нови лекови се ставени на позитивната листа. Трите често препишувани антикоагуланти – „еноксапарин“, „надропарин“ и „ривароксабан“, се издаваат со рецепт во аптеките.

„За антикоагулансите ќе обезбедиме период од 15 дена за кои ќе признаваме рефундации. Од 1 до 15 јули ќе прифаќаме рефундации за да надоместиме за инертноста на аптеките, бидејќи не сакаме граѓаните да бидат поставени во лоша позиција“,рече Клековски.

Во однос на лекот „фостер“, кој скокна од 300 на 1 080 денари, а заменскиот лек се уште го нема, Клековски, вчера кажа дека во тек се преговори со производители и најави решение до крајот на неделава.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија МФ: Нови 2,4 милиони евра за домашните компании
Следна Статија Кос задоволна од владата: Македонија се наоѓа меѓу најдобрите изведувачи на патот кон ЕУ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Османи: Европскиот глас на Албанците во Владата е претворен во ништо, а тоа ништо се вика ВЛЕН

Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, на денешната прес-конференција упати остри критики кон коалицијата ВЛЕН, оценувајќи дека по две години учество…

June 29, 2026
ПОЛИТИКА

Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46%, почнуваме со покачување од октомвриската плата

Владата презема чекори за подобрување на животот на граѓаните во сите сфери и за таа цел, после опсежни преговори донесовме…

October 14, 2024
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Kланот Заеви и Филипче преку шема на фирми препродавале јаглен на ЕСМ трипати поскапо и профитирале

Во време на ковид пандемија и енергетска криза Заев и Филипче се богателе врз грбот на граѓаните кои плаќаа драстично…

June 7, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Не очекувам до локалните избори да има какви било интервенции во Владата

Премиерот Христијан Мицкоски не очекува до локалните избори оваа година да има какви било интервенции во Владата. Како што нагласи…

January 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?