Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Куновска: На евентуални предвремени избори СДСМ ќе биде докрајчена
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Куновска: На евентуални предвремени избори СДСМ ќе биде докрајчена
ПОЛИТИКА

Куновска: На евентуални предвремени избори СДСМ ќе биде докрајчена

Објавено November 8, 2024 15:40
Сподели
Сподели

Софија Куновска, поранешна советничка на СДСМ во Советот на Град Скопје и поранешна пратеничка, вели дека СДСм е во сериозни проблеми.

„СДСМ нема комплетирано раководство со месеци, анкетите укажуваат на уште послаб рејтинг од последните избори, идентитетски партијата е разобличена. Евентуални парламентарни избори заедно со локалните ќе го докрајчат и тоа малку што е останато од СДСМ. Затоа, наводната подготвеност на Венко Филипче за предвремени парламентарни избори е лажно силење од немајкаде и е дел од опозицискиот фолклор кој е наменет за јакнење на перцепцијата дека СДСМ се консолидира, што всушност нема допирна точка со реалноста“, тврди Куновска во разговор за „Локално“.

Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ, како што рече таа, иако има старт далеку под очекувањата на јавноста, нема од кого да биде загрозен.

-Се чувствуваат комотно со мнозинство кое постојано има тенденција да се зголемува заради политичкиот нокдаун во кој се наоѓаат коалициите на ДУИ и СДСМ и делумно заради клиентелизмот во политиката. Христијан Мицкоски нема никаков интерес да оди на предвремени заедно со локалните избори, бидејќи таков потег само ќе го поистовети со природата на Груевски и ќе му штети на рејтингот кај меѓународниот фактор“ наведува поранешната пратеничка.

Оттука, нејзините проценки се поблиски до тоа дека предвремени парламентарни избори се можни една година после локалните избори, доколку се остварат проекциите дека ВМРО-ДПМНЕ ќе оствари голема победа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија За да се намали цената на станбениот квадрат: Николоски најави изградби на станбени згради во Битола, Штип и Скопје
Следна Статија Исчезната жена во Скопје, семејството моли за помош

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Нико Чонески: Бројките се немилосрдни за Томе и неговото владеење во Крушево, за два мандати реализирал 3 пати помалку од неговите претходници (ВИДЕО)

Томе Христоски како градоначалник на Крушево реализирал капитални инвестиции во вредност од 3 милиони евра за 8 годишен мандат, а…

October 3, 2025
ПОЛИТИКА

Следи пресвртница за партијата, најави Филипче од Конгресот на СДСМ

СДСМ денеска во Скопје го одржува 30. конгрес на кој ќе се донесе одлука за избор на новиот состав на…

November 24, 2024
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Ги препородивме општините, СДСМ е поим за скандали и афери

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ вели дека ги препородила општините кои, според нив, биле оставени со долгови и празни каси од претходната локална…

September 4, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМОВЦИ ДОБИЈА НАПАД НА ПАТРИОТИЗАМ Функционерите го објавуваат македонското знаме на профилите на Фејсбук

По инцидентот за време на вчерашната прослава на Денот на албанското знаме во центарот на Скопје, кога граѓани го искинаа…

November 29, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?