Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонија и Албанија воведуваат заеднички гранични премини и „One Stop“ контроли
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Македонија и Албанија воведуваат заеднички гранични премини и „One Stop“ контроли
МАКЕДОНИЈА

Македонија и Албанија воведуваат заеднички гранични премини и „One Stop“ контроли

Објавено June 27, 2026 15:51
Сподели
Сподели

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го презентираше отчетот за работата на Министерството за внатрешни работи во изминатите две години, истакнувајќи дека од самиот почеток на мандатот била поставена јасна определба – законот да важи подеднакво за сите и да се изгради поефикасно, попрофесионално и помодерно Министерство.

Во делот на меѓународната соработка, министерот Тошковски информираше дека денеска ќе биде потпишан договорот со Република Албанија за воспоставување заеднички гранични премини и спроведување заеднички активности за гранична контрола. Со тоа се заокружува системот на заеднички гранични проверки „One Stop“ со сите соседни држави кои не се дел од Шенген зоната, по претходно воспоставените системи со Република Србија и Република Косово.

Министерот се осврна и на инвестициите во идните генерации полициски службеници, потенцирајќи дека по долг временски период повторно се воспоставува Средното полициско училиште, при што првата генерација ученици ќе започне со настава од 1 септември оваа година.

Воедно, во изминатиот период беа отворени нови канцеларии за управни работи во повеќе општини каде што претходно немало вакви услуги, а значителен дел од потврдите и уверенијата граѓаните денес можат да ги добијат електронски, без чекање и без дополнителни административни процедури.

На крајот од обраќањето, министерот Тошковски истакна дека постигнатите резултати претставуваат силна основа за продолжување на реформските процеси и понатамошно јакнење на институционалните капацитети, нагласувајќи дека пред Министерството остануваат уште многу предизвици и работа во насока на обезбедување сигурност, стабилност и владеење на правото.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Посетителите на Шар Планина задолжително да се пријавуваат пред движење во шумски подрачја
Следна Статија Димитриевски: Многу идеи се на маса, до вторник ќе се знае за реконструкцијата на Владата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Се роди првото бебе во 2026 – Ќе биде женска година

Клиниката за гинекологија и акушерство информира дека точно на полноќ е родено првото бебе во 2026 година. -На ГАК се…

January 1, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Дрисла е децениски проблем, интензивно работиме на решавање на проблемот

„Ако мислите на ова што се случува на депониите и палењето на истите, можам да кажам дека после успешно завршената…

September 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Летово нема возење со жичница на Водно – постои ризик да се откачи гондола

Жичницата на Водно нема да биде пуштена во сообраќај во текот на летото, бидејќи проверките покажале сериозни оштетувања и ризик…

May 9, 2026
МАКЕДОНИЈА

Апсурдно е да се бара ослободување на воени злосторници, протестот нема да го премисли Хаг, порача Ангелов

Во пресрет на денешниот протест за поддршка на поранешните команданти на косовската УЧК (Ослободителна војска на Косово – ОВК), се…

December 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?