Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Посетителите на Шар Планина задолжително да се пријавуваат пред движење во шумски подрачја
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Trips > Посетителите на Шар Планина задолжително да се пријавуваат пред движење во шумски подрачја
Trips

Посетителите на Шар Планина задолжително да се пријавуваат пред движење во шумски подрачја

Објавено June 27, 2026 15:50
Сподели
Сподели

Јавната установа Национален парк „Шар Планина“ воведува забрана за непријавено движење во шумските подрачја на територијата со која управува, во периодот од 1 јули до 31 август, поради зголемените температури и зголемениот ризик од појава на шумски пожари.

Како што информираат од институцијата, мерката е донесена по препорака на Владата на Република Северна Македонија, во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Од забраната се изземени лицата кои живеат или имаат имоти на Шар Планина.

Посетителите кои сакаат да се движат во паркот ќе треба претходно електронски да ја пријават својата посета преку веб-страницата на Националниот парк или преку формулар за евиденција на посетители, по што ќе добијат потврда за регистрирано движење. Пријава може да се поднесе и во хартиена форма во просториите на установата во работно време.

Од паркот потсетуваат и на обврската за плаќање влез за моторни возила, која може да се реализира електронски или преку СМС-порака, во зависност од категоријата на возилото. Тарифите се движат од 150 до 450 денари, зависно од типот на возилото.

Дополнително, строго е забрането палење оган, користење скара, фрлање отпад и било какви активности кои можат да предизвикаат пожар. За непочитување на мерките се предвидени парични казни согласно Законот за шумите.

Од Националниот парк апелираат посетителите да ги почитуваат правилата и да постапуваат одговорно, со цел заштита на природата и спречување на пожари во летниот период.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јованка Кепеска: Со бугарските услови за нашиот влез во ЕУ, целосно се негираат македонскиот народ, јазик и историја
Следна Статија Македонија и Албанија воведуваат заеднички гранични премини и „One Stop“ контроли

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Trips

Археолошкиот локалитет Стоби привлечен за странските туристи – Американците најбројни посетители

Археолошкиот локалитет Стоби годинава го посетиле над 13.100 посетители, од нив најбројни се странските туристи од САД, Австралија, Полска, Австрија,…

September 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Нов европски проект за заштита на кафеавата мечка на Шар Планина

Националниот парк Шар Планина се вклучува во нов европски проект за зачувување на кафеавата мечка, со цел долгорочна заштита на…

April 29, 2026
МАКЕДОНИЈА

Нов скандал на Шар Планина: Обид за подмитување по нападот врз ренџерите

Националниот парк „Шар Планина“ упати сериозни обвинувања за работењето на дел од операторите на Попова Шапка. По вчерашниот конфликт на…

January 17, 2026
ХРОНИКА

Mаж од Тетово живеел со 15-годишно девојче, не ѝ давал да зборува со родителите, мајката го пријави

Случај со малолетничка во Тетово завршил со полициска интервенција и апсење на 32-годишен маж. Мајка пријавила дека нејзината 15-годишна ќерка…

March 8, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?