Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Манасиевски: Наместо свеж кадар и реформи, Филипче прибира негови лојални луѓе по насока на Заев
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Манасиевски: Наместо свеж кадар и реформи, Филипче прибира негови лојални луѓе по насока на Заев
ПОЛИТИКА

Манасиевски: Наместо свеж кадар и реформи, Филипче прибира негови лојални луѓе по насока на Заев

Објавено November 15, 2025 15:18
Сподели
Сподели

Валентин Манасиевски денеска остро реагираше на одлуката на СДС да го именува Александар Трајановски за потпретседател на партијата, оценувајќи дека со тоа „се потврдува континуираното влијание на Зоран Заев врз партиските процеси“.

„Наместо свеж кадар, реформи и фокус на напредок, Филипче по насока на неговиот ментор Заев го постави Александар Трајановски на една од највисоките функции во партијата,“ изјави Манасиевски.

Тој оцени дека ваквиот избор покажува дека, како што вели, „Заев и натаму ги држи конците во СДС и ја води партијата од сенка“. Според него, именувањето на Трајановски, кој претходно ги загуби локалните избори, не е насочено кон обновување на партијата, туку кон „зачувување на истиот круг на луѓе“.

Манасиевски потсети и на, како што рече, „јавноста добро познатиот близок однос меѓу Филипче, Трајановски и Заев“, алудирајќи на нивни заеднички летувања и приватни дружења. „Ова трио не го интересира народот, туку луксузот“, додаде тој.

Во својата изјава Манасиевски оцени дека СДС „продолжува да тоне“ затоа што, според него, истите имиња и понатаму ја водат партијата.

„Наместо реформи и освежување, повторно се поставуваат кадри кои се продолжеток на Зоран Заев“, истакна тој.

На крајот, Манасиевски порача дека, според неговото мислење, „вистинските реформи во СДС ќе бидат можни само доколку Филипче се повлече од партиското раководство“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сопругата на Андреј од ДНК: Бараме правда, вистина и фер постапка, не сожалување и сочуство
Следна Статија (ВИДЕО) Цветановски: Зошто по скандалот со операцииите нема поднесено кривични пријави?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Меџити до Ахмети: Со веќе позната реторика подготви се уште долги години во опозиција

Првиот заменик-претседател на владата, Изет Меџити, му порача на лидерот на ДУИ, Али Ахмети да се подготви за уште долго…

November 2, 2024
ПОЛИТИКА

На Мицкоски не може да му се верува по толку многу манипулации со изјавите, вели Кузеска

Во изминатите неколку месеци јавноста е сведок на бројни манипулативни изјави на премиерот Христијан Мицкоски. Почнувајќи од последната изјава, дека…

September 16, 2025
ПОЛИТИКА

Ако утре има парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ би освоила над 60 пратеници

ВМРО-ДПМНЕ со 550 советници низ Македонија и градот Скопје, како и со над 300.000 гласови, е апсолутен победник на локалните…

October 22, 2025
ПОЛИТИКА

Куновска: Постои притисок од граѓаните да се кандидирам за градоначалник на Центар

Постојано во комуникација со граѓаните има еден засилен притисок да се кандидирам за градоначалник на Центар, но се уште не…

May 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?