Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Манасиевски: Наместо свеж кадар и реформи, Филипче прибира негови лојални луѓе по насока на Заев
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Манасиевски: Наместо свеж кадар и реформи, Филипче прибира негови лојални луѓе по насока на Заев
ПОЛИТИКА

Манасиевски: Наместо свеж кадар и реформи, Филипче прибира негови лојални луѓе по насока на Заев

Објавено November 15, 2025 15:18
Сподели
Сподели

Валентин Манасиевски денеска остро реагираше на одлуката на СДС да го именува Александар Трајановски за потпретседател на партијата, оценувајќи дека со тоа „се потврдува континуираното влијание на Зоран Заев врз партиските процеси“.

„Наместо свеж кадар, реформи и фокус на напредок, Филипче по насока на неговиот ментор Заев го постави Александар Трајановски на една од највисоките функции во партијата,“ изјави Манасиевски.

Тој оцени дека ваквиот избор покажува дека, како што вели, „Заев и натаму ги држи конците во СДС и ја води партијата од сенка“. Според него, именувањето на Трајановски, кој претходно ги загуби локалните избори, не е насочено кон обновување на партијата, туку кон „зачувување на истиот круг на луѓе“.

Манасиевски потсети и на, како што рече, „јавноста добро познатиот близок однос меѓу Филипче, Трајановски и Заев“, алудирајќи на нивни заеднички летувања и приватни дружења. „Ова трио не го интересира народот, туку луксузот“, додаде тој.

Во својата изјава Манасиевски оцени дека СДС „продолжува да тоне“ затоа што, според него, истите имиња и понатаму ја водат партијата.

„Наместо реформи и освежување, повторно се поставуваат кадри кои се продолжеток на Зоран Заев“, истакна тој.

На крајот, Манасиевски порача дека, според неговото мислење, „вистинските реформи во СДС ќе бидат можни само доколку Филипче се повлече од партиското раководство“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сопругата на Андреј од ДНК: Бараме правда, вистина и фер постапка, не сожалување и сочуство
Следна Статија (ВИДЕО) Цветановски: Зошто по скандалот со операцииите нема поднесено кривични пријави?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ДУИ: Албанците не прифаќаат вазали, туку самите ги избираат своите претставници

Секој ден кога повторува дека „нема да има предвремени избори“, Мицкоски всушност признава една горчлива вистина: тој е свесен за…

September 21, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Бугарија треба да каже дека нема да има барања на непринципиелна основа

Бугарија треба да каже дека нема да има барања на непринципиелна основа, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на маалска…

June 7, 2025
ПОЛИТИКА

Јовановски: Kичево мудро избра – проекти и напредок во заедништво, пред поделби и неработливост

Новиот градоначалник на Кичево, Александар Јовановски објави благодарност за историскиот успех. -Почитуван народе, почитувани наши кичевчани, драги пријатели и познаници.…

November 3, 2025
ПОЛИТИКА

За денеска се очекува средба Мицкоски-Таравари, тема функционирањето на Алијанса за Албанците во Владата

Премиерот Христијан Мицкоски вчера најави дека најверојатно денеска ќе има средба со Арбен Таравари за неговото натамошно функционирање во Владата…

May 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?