Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МВР со детали за тешката сообраќајка на патот Прилеп- Битола во која загинаа три лица, се запалиле двете возила
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > МВР со детали за тешката сообраќајка на патот Прилеп- Битола во која загинаа три лица, се запалиле двете возила
МАКЕДОНИЈА

МВР со детали за тешката сообраќајка на патот Прилеп- Битола во која загинаа три лица, се запалиле двете возила

Објавено October 4, 2024 13:39
Сподели
Сподели

МВР излезе со детали за тешката сообрќајна несреќа што се случи вчера на патот Прилеп-Битола, при што три лица загинаа, доктори кои од Прилеп оделе на работа во Болницата Плодност во Битола.

„На 03.10.2024 во 07.45 во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп – Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „тојота” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Н.В.(42) од Прилеп и товарно возило „волво” со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Р.(51) од Битола, при што настанал пожар во двете возила.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот Н.В. и А.Р.(74) и Ф.Ј.(51), двајцата од Прилеп, сопатници во патничкото возило“, информираат од МВР.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција.

Возачот Г.Р. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градска болница Прилеп. Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и екипа од ОВР Прилеп.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Таравари: Ја укинавме забраната од 2022 година, лекарите ќе може од приватното здравство да се вратат во јавното
Следна Статија Поплавите во БиХ однесоа 20 животи, Јабланица отсечена (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Детали за посетата на Мицкоски на САД: Премиерот по инаугурацијата на Трамп ќе има средби со клучни фигури од новата администрација

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на 20 јануари во Вашингтон ќе присуствува на инаугурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп.…

January 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ангелов: Избувнувањето на повеќе пожари во истовреме не е случајност, се работи за хибриден напад на Владата

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов останува  на ставот дека негова перцепција е оти избувнувањето на…

September 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пожарот во село Батинци е локализиран

По избувнувањето на пожарот во близина на село Батинци, благодарение на брзата реакција и координацијата на компетентните екипи, огнот е…

September 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пет кандидати на интервју за член на ДКСК

Комисијата за прашања на изборите и именувањата одржа седница на која спроведе интервјуа со пријавените кандидати по Одлуката за објавување…

May 5, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?