Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мемов: Пензиите не се доведени во прашање
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мемов: Пензиите не се доведени во прашање
ЕКОНОМИЈА

Мемов: Пензиите не се доведени во прашање

Објавено June 24, 2026 14:01
Сподели
Сподели

По објавување на ревизорскиот извештај за Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија (ПИОМ), се огласи директорот на, Никола Мемов. Тој соопшти дека конечниот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР) за работењето на институцијата во 2024 година се однесува на период во кој најголемиот дел од годината Фондот бил управуван од претходното раководство.

Според него станува збор за редовна годишна ревизија која ги опфаќа финансиското работење, усогласеноста на постапките и управувањето со средствата во текот на целата 2024 година. Актуелното раководство ја презело институцијата дури во последниот квартал од годината, поради што најголемиот дел од ревидираните постапки и констатирани состојби се однесуваат на периодот кога Фондот бил под раководство на претходниот менаџмент.

Од ПИОМ посочуваат дека значителен дел од забелешките на ревизорите се повторуваат со години и биле нотирани и во претходни извештаи, што, како што велат, укажува на наследени системски слабости.

-По преземањето на функцијата веднаш пристапивме кон анализа на ризичните процеси и воведовме конкретни мерки за отстранување на утврдените недостатоци- пишува Мемов на Фејсбук.

Тој објаснува дека во делот на јавните набавки веќе се отстранети сите забележани недостатоци, воведени се дополнителни контролни механизми, а зајакнати се и процедурите за планирање, реализација и контрола на набавките.

Во реакцијата се осврнуваат и на прашањата поврзани со обврските кон Фондот за здравствено осигурување и трансферите кон пензиските друштва од вториот столб. Според ПИОМ, зголемувањето на овие обврски е директна последица на историски најголемото покачување на пензиите во државата.

-Со зголемувањето на пензиите за околу 7.000 денари месечно за 347.000 пензионери, логично растат и обврските што се пресметуваат како процент од исплатените пензии- наведуваат од Фондот.

Фондот на ПИОМ смета дека најважно е што во ниту еден момент не е доведено во прашање здравственото осигурување на пензионерите. Сите пензионери непречено и континуирано ги остваруваат своите права од здравственото осигурување и редовно ги добиваат здравствените услуги под исти услови како и досега.

-Граѓаните и пензионерите треба да бидат уверени дека финансиската стабилност на Фондот, редовната исплата на пензиите, непреченото функционирање на пензискиот систем и континуираното обезбедување на здравствените права на пензионерите не се доведени во прашање и остануваат врвен приоритет на актуелното раководство на ПИОМ и Владата на Република Македонија- пишува Мемов.

ПИОМ нагласува дека повисоките обврски не се показател за финансиска нестабилност, туку резултат на повисоките пензии и подобрениот животен стандард на пензионерите.

Од Фондот додаваат дека целосно ги прифаќаат препораките на Државниот завод за ревизија и веќе работат на нивна имплементација, нагласувајќи дека финансиската стабилност на институцијата, редовната исплата на пензиите и непреченото функционирање на пензискиот систем остануваат врвен приоритет.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бил Гејтс призна дека озогласениот Епстин го уценувал поради вонбрачна врска со Русинка
Следна Статија (ВИДЕО) На Пелистер спасена мала срна која била нападната од куче

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Продолжуваме да го развиваме авиосообраќајот во Македонија

Wizz Air започна со продажба на билети за новата авиолинија Скопје – Келн, објави Александар Николоски на својот фејсбук профил.…

August 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

Парадокс: Најсиромашни семејства, трошат најскапа струја

Во Македонија има околу 50.000 броила за струја кои влегуваат во категоријата за енергетска сиромаштија, но тоа не ги спречува…

April 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Нема потреба од создавање паника, има залихи нафта, вели Димитриеска-Кочоска

Апсолутно состојбата е во ред и ние ја следиме. Нема никаков проблем и нема потреба од создавање паника кај граѓаните…

March 6, 2026
ЕКОНОМИЈА

Миноски: Зошто ни е неопходно подигнување на прагот за ДДВ?

Зошто ни е неопходно подигнување на прагот за ДДВ?, пишува Кирил Миноски, екс министер за финансии. Во продолжение ставот на…

February 2, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?