Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Милевски: На Македонија ѝ фали малку за да биде на топ-ниво
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Милевски: На Македонија ѝ фали малку за да биде на топ-ниво
СПОРТ

Милевски: На Македонија ѝ фали малку за да биде на топ-ниво

Објавено March 26, 2025 08:19
Сподели
Сподели

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, на прес-конференцијата по натпреварот со Велс им честиташе на играчите за прикажаното и изрази задоволство од освоениот бод, со оглед на сериозноста на противникот.

„Велс е исклучително сериозен тим, составен од играчи кои настапуваат во најсилните лиги. Беа агресивни, физички подготвени, но нашите фудбалери покажаа дека напредуваат со секој изминат натпревар, иако сметам дека уште малку ни фали за да се носиме со подобри репрезентации кои играат на топ-ниво. 

Нема простор за големо разочарување, Македонија покажа дека може да биде рамо до рамо со силните селекции од стариот континент. Не би рекол дека се израдувавме прерано, примениот гол беше наша грешка, но има и такви моменти. Моравме да останеме фокусирани до самиот крај, но не верувам дека грешката дојде поради некаква еуфорија. 

Мислам дека сите треба да бидеме горди, благодарност за големата поддршка од трибините, се надевам дека им возвративме на навивачите со нашата тактичка дисциплинираност и пожртвуваност. Да останеше 0-0, можеби ќе бевме позадоволни, вака останува горчината дека бевме многу близу до трите бода“, изјави Милевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нови претреси и распити во истрагата за пожарот во Кочани, пет пациенти во критична состојба
Следна Статија (Видео) Моќен кинески авион леташе многу ниско: некои воодушевени од вештината на пилотот, други загрижени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Најлудата приказна на преодниот рок – легендарниот голман излегол на кафе и не се вратил на потпис на договорот

Мексиканецот Гиљермо Очоа (40) во последен момент одлучи да ја одбие понудата на шпанскиот второлигаш Бургос. На последниот ден од…

September 3, 2025
СПОРТ

Министерството за спорт гради нова спортска сала во Аеродром, зад ФФМ

Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески и со претседателот на Фудбалската федерација на…

October 28, 2025
СПОРТ

Сензорот и Варот и пресудија на Хрватска

Репрезентацијата на Португалија избори осминафинале на Мундијалот со победата од 2:1 над Хрватска. Стрелецот на решавачкиот гол Гонзало Рамос, откри…

July 3, 2026
СПОРТ

(Видео) Хрватите ја победија Франција, Германија со пресврт до триумф на „Сан Сиро“

рвтаска, Данска и Германија стекна предност по првите четвртфинални натпревари за пласман на завршниот турнир во Лигата на нации. Во…

March 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?