Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Во првите 100 дена имаме покачени субвенции за јачмен и пченица, исплата на 1 милијарда денари заостанати субвенции, највисока цена на грозјето
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Во првите 100 дена имаме покачени субвенции за јачмен и пченица, исплата на 1 милијарда денари заостанати субвенции, највисока цена на грозјето
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Во првите 100 дена имаме покачени субвенции за јачмен и пченица, исплата на 1 милијарда денари заостанати субвенции, највисока цена на грозјето

Објавено October 3, 2024 12:58
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека во првите 100 дена од мандатот во земјоделството се преземени крупни чекори, укажувајќи дека исплатени се заостанатите плати во Национални шуми и АД Водостопанство, исплатени се 1 милијарда денари заостанати субвенции, зголемени субвенции за јачмен и пченица, како и постигната е највисока откупна цена за грозјето.

-Апсолутно како и во сите сектори, така и во земјоделието во овие 100 дена се преземаа многу чекори. Ќе ве потсетам на оние задоцнети плати во двете клучни институции, а тоа се Национални шуми и АД Водостопанство. Се вратија долгови кај земјоделците од повеќе милијарда и двесте педесет милиони денари, тоа се стари долгови, покрај тековните исплати. Понатаму имавме субвенции, одлука за субвенции за килограм продадена пченица, јачмен и така натаму, но исто така можам да кажам дека се постигнаа историски највисоки цени за откуп на грозјето од лозарите и навистина можам да кажам дека досега работите таму полека, но сигурно фаќаат еден природен колосек, тука не смееме да ги потцениме, ниту сливарите коишто исто така беа поддржани од страна на Министерството и од страна на Владата, јаболкарите, видовте беше таму Министерот, разговараше, очекувам исто да биде и со тутунарите. Така што како и во секој сектор, така и таму се случуваат сериозни промени, изјави претседателот на Владата, Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ќе се воведува комунална полиција и ќе може да се отповика градоначалник
Следна Статија Загинаа врвни доктори од Прилеп, камионот наводно возел во спротивен правец

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Банката на Јапонија ги зголемува економските проекции пред превремените избори, задржувајќи ги каматните стапки на 0,75%

Банката на Јапонија ги зголеми проекциите за БДП за фискалната 2025 година на 0,9%, а исто така ја зголеми проекцијата…

January 24, 2026
ЕКОНОМИЈА

До крајот на месецов треба да биде познато какви мерки би се донеле за зголемувањето на цените

До крајот на месецов треба да биде познат моделот како ќе се реагира на зголемувањето на цените на прехранбените производи.…

July 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Кризата во Германија го намали извозот на македонски производи

Германија е наш најголем трговски партнер и секако кризата во оваа држава се одразува и врз македонската економија. Експертите не…

December 24, 2024
ЕКОНОМИЈА

Седумте најголеми ланци маркети во Македонија лани оствариле приход од над 930 милиони евра

На прво место со добивка од домашните ланци маркети е ВЕРО кој во 2023  заработил на над 10 милион евра…

January 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?