Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Електро-енергетскиот сектор стабилен, единствен предизвик цената на мазутот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Електро-енергетскиот сектор стабилен, единствен предизвик цената на мазутот
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Електро-енергетскиот сектор стабилен, единствен предизвик цената на мазутот

Објавено March 22, 2026 17:48
Сподели
Сподели

Електро-енергетскиот сектор вo државата е стабилен, во функција се блоковите во термоелектраната Битола 1 и 3. На депонија во Битола имаме околу 80 илјади тони јаглен, во Кичево 160 илјади тони, акумулациите се на ниво од 40 отсто или тоа би било доволно за се да престане тие само да работат за отприлика месец дена да имаме доволно електрична енергија, но нормално се останато си функционира нормално така што електро енергетскиот систем е апсолутно стабилен, изјави денеска премерот Христијан Мицкоски на прес-конференција по по владината седница, на која беа донесени две одлуки – намалување на ДДВ за горивата и ослободување на количини на мазут од државните резерви, со цел да се спречи зголемување на цената на производите и на електричната енергија, објави МИА.

Мицкоски нагласи дека единствен предизвик претставува цената на мазутот, бидејќи таа е поврзана со онаа цена којашто ја определува РКЕ, па оттука најави дека на следната редовна седница во вторник размислуваат да донесате одлука со којашто државата ќе интервенира кон ЕСМ со одредена количина на мазут, отприлика 2.000 тони.

Со тоа нема дозволиме да се зголемат трошоците на компанијата, имајќи ги предвид поволната хидролошка состојба и консолидирањето на рудниците конечно можеме да кажеме дека во А.Д. ЕСМ состојбата е нормализирана и е стабилна, и не сакаме да дозволиме со овие повисоки цени на мазутот да дојде до дизбаланс на финансиското портфолио на компанијата. Тие знаете дека вршат регулирана дејност, потоа тоа го пријавуваат во РКЕ и врз основа на тоа и врз основа на трошоците се зголемува цената на електричната енергија за домаќинствата, рече Мицкоски.

Тој додаде дека со оваа интервенција очекуваат таа цена да не биде зголемена, односно да влијаат повторно позитивно и да го одржат стандардот на граѓаните.

А со тоа да овозможиме рекордно ниско ниво споредено со другите држави во Европа на инфлација, односно на зголемување на трошоците за живот, нагласи премиерот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче: Меркaтa за намалување на ДДВ-то на горивото е многу задоцнета
Следна Статија Целосно ќе го затвориме Ормускиот теснец ако Трамп ги оствари своите закани, одговорија од Иранската револуционерна гарда

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Со Герет Томас разговаравме за продлабочување на економската соработка помеѓу Македонија и Велика Британија

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николовски во рамки на дводневната посета на високо ниво на Обединетото Кралство…

April 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: До 2026-та ќе имаме нови модерни гранични премини на Деве Баир и Ќафасан, ќе го олесниме транспортот и трговијата за нашите компании

Претседателот на Влaдата, Христијан Мицкоски, потпретседателот на Владата, Александар Николоски, директорот на Царинската управа Бобан Николовски и Масимилијано Паолучи директорот…

October 5, 2024
ЕКОНОМИЈА

Railway Gazette: Отворена е првата делница од пругата Скопје – Софија

Британското списание Railway Gazette, кое е специјализирано за вести од железничката индустрија, објави прилог за отворањето на пругата Куманово – Бељаковце, која…

January 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски и Герапетритис разговарале на маргините на Самитот на Берлинскиот процес во Лондон

На маргините на Самитот на Берлинскиот процес за Западен Балкан што се одржува во Лондон, министерот за надворешни работи на…

October 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?