Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски за обвинувањата на опозицијата: Луѓето коишто распродадоа од знаме до име, немаат кредибилитет да судат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски за обвинувањата на опозицијата: Луѓето коишто распродадоа од знаме до име, немаат кредибилитет да судат
ПОЛИТИКА

Мицкоски за обвинувањата на опозицијата: Луѓето коишто распродадоа од знаме до име, немаат кредибилитет да судат

Објавено July 10, 2025 14:43
Сподели
Сподели

Луѓето коишто распродадоа сѐ што можеше да се распродаде во минатото, а којашто претставува идентитетска одредница, почнувајќи од знамето, завршувајќи со името, јас мислам дека апсолутно немаат кредибилитет да судат и да пресудуваат, изјави денеска премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по однос на обвинувањата од страна на опозицијата дека не се одбранил македонскиот јазик и идентитет.

Па видете, луѓето коишто распродадоа сѐ што можеше да се распродаде во минатото, а којашто претставува идентитетска одредница, почнувајќи од знамето, завршувајќи со името, јас мислам дека апсолутно немаат кредибилитет да судат и да пресудуваат. А што направи оваа Влада? Се обиде да врати дел од загубеното и делумно успеавме, затоа што ќе остане запишано и ќе има институционална меморија, Европскиот извештај којшто беше изгласан на АФЕТ, Комитетот за надворешни работи при Европскиот парламент и истиот со тој текст, вчера се најде пред европратениците. Да потсетам дека обидот беше, целосно преименување на македонскиот идентитет и јазик од страна на некои европратеници коишто со своето неодговорно однесување се обидоа да го додефинираат како „модерен“. Тоа не успеа, бидејќи мнозинството европратеници ја прочитаа намерата и тоа не успеа. Но, за жал успеа она бришење од самиот Извештај на македонскиот идентитет и јазик, она коешто веќе беше усвоено на АФЕТ Комитетот за надворешни работи при Европскиот парламент. И она што е уште поважно, е што Европа, светот, македонските граѓани видоа дека Договорот постигнат 2022 или како да кажам прифаќањето на тогашниот предлог во суштина не претставува само лесна промена, интервенција во преамбулата и внесување на дел од бугарското малцинство во истиот, туку проблемот е многу подлабок, многу посуштински, а тоа е негирање на идентитет, на јазик, на еден од најмалубројните народи во Европа од страна на неговиот, во случај источен сосед или соседна Бугарија. Тоа е за мене чин без преседан, е сѐ само не европска вредност и јас навистина не можам да прифатам како европратеници коишто вчера гласаа за бришење од Извештајот на македонскиот идентитет и јазик, мирно ќе спијат, а им благодарам на сите оние сто дваесет и нешто коишто гласаа против и на оние нешто повеќе од стотина коишто се воздржаа од било какво гласање – рече премиерот Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Фон дер Лајен го преживеа гласањето за недоверба во парламентот
Следна Статија (ВИДЕО) Убиен еден од клучните оперативци на украинската служба за безбедност во Киев

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Милошоски: ДУИ да се насочи кон реформирање на сопствената партија, а не да испраќа патетични писма

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се справува со последиците оставени од владеењето на СДС и ДУИ меѓу кои и огромен буџетски…

October 28, 2024
ПОЛИТИКА

Османи: Ароганцијата на некои во ВРЕДИ е одвратна

„Ја прифатив својата одговорност и му честитав на победникот затоа што и во овие околности сакам да оставам зад себе…

October 22, 2025
ПОЛИТИКА

Меџити: Не падна влада со 61 пратеник, како би можело да падне мнозинство со две третини од пратениците

Заменик-премиерот Изет Меџити во „Пик Подкаст“ ја нарече неоснована барањето на албанската опозиција за нови избори, бидејќи според него, актуелната…

November 9, 2024
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Груби и СДС го приватизираа судството кое носеше одлуки по нивна нарачка, дали и парите од митото заеднички ги делеле?

Артан Груби од ДУИ со неговите помагачи од СДС со години се мешаа во правосудните органи. За седум годиштното нивно…

December 15, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?