Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Интерпелација на министерот Трипуновски: Земјоделството стана црна хроника, обвини опозицијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Интерпелација на министерот Трипуновски: Земјоделството стана црна хроника, обвини опозицијата
ПОЛИТИКА

Интерпелација на министерот Трипуновски: Земјоделството стана црна хроника, обвини опозицијата

Објавено June 10, 2026 17:44
Сподели
Сподели

Излажани земјоделци, прекин на ИПА проектите поради утврдени нерегуларности, коруптивни активности, што направи за земјоделството повеќе да се зборува како за дел од црната хроника, наместо за развој на економијата, беа дел од обвинувањата на денешната собраниска седница на која на дневен ред беше интерпелацијата за министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, поднесена од пратеничката група на СДСМ и коалицијата. Од своја страна, пак, Трипуновски повеќе се осврна на работењето на министерството додека овој ресор го водеа кадри на СДСМ, отколку на побивање на аргументите на опозицијата, па на моменти се стекна впечаток дека интерпелацијата не е за него туку за неговиот претходник.

Интерпелацијата ја образложи екс министерот за земјоделство и актуелен пратеник од СДСМ, Љупчо Николовски, кој рече дека две години, како што е Трипуновски министер, субвенциите за земјоделците не само што се намалени, туку и се неисплатени.

„Вашиот мандат започна со ветувања за спас на земјоделството, а завршува како симбол на неспособност на одговорност и скандали. Одговорноста не може да ја заобиколи владата којашто дозволи две години лошо менаџирање на овие институции, две години во кои министрите и директорите се занимаваа не со креирање на мерки заради безидејноста, туку со штанцање на празни измислени пријави, со разместување, суспендирање, деградирање на сите професионалци, креирање на коруптивни мерки за коишто веќе се водат истражни постапки и рекетирање на производители, увозници и преработувачи“, рече Николовски.

Тој додаде дека ако се погледнат медиумските написи и коментарите на земјоделците, земјоделството е секогаш во црна хроника.

„Уапсен директорот на платежната агенција. Уапсен директорот на Инспекторатот за земјоделство. Откупот од малите земјоделци паднал рекордно за 31 милион евра во само три месеци. Земјоделците бараат средба со Мицковски. Субвенциите за овци доцнат 10 месеци“, рече Николовски.

„Ветувавте повеќе субвенции, а земјоделците добија помалку, ги лажевте земјоделците дека субвенциите ќе бидат исплатени во март, па во април, па во мај, денес сме 10 јуни, а многу земјоделци сè уште немаат добиено ниту денар на своите сметки“, нагласи Николовски.

Тој додаде дека субвенциите за овци доцнат 10 месеци, како и дека Владата ги скрати субвенциите за тутунот и предизвика гнев кај тутунарите.

„До каде се премиите за тутунот? До каде се субвенциите кои што треба да ги исплатите за 2025 година? За сточарите, за градинопроизводителите, за сè она што не е исплатено. Министре Трипуновски, кога ќе ги исплатите и субвенциите за говедата коишто ги скративте? Чувствувате ли потреба за реализирање на исплата кон оваа категорија на земјоделци кои што се неисплатени, имаат и намалена цена на млекото за 10 денари“, рече Николовски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ги излажа земјоделците и за две години ја скрати финансиската поддршка за земјоделството.

„Изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ вели 180 милиони евра годишно за финансиска поддршка. 120 милиони евра е поддршката во овие две години. Конкретно, за програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и интервентниот фонд, вкупниот буџет во 2025 година е 124 милиони евра. За прв пат со ребаланс на буџетот скративте на субвенции. Кога веќе ги лажевте земјоделците со некаква зголемена поддршка, а истата е помала од било кога претходно, бидете искрени барем до крај и кажете им на земјоделските производители дека ги задолживте идните генерации со 2,5 милијарди евра и тоа е единствената работа која што ја направивте. Меѓутоа кажете им на земјоделците дека за нив нема пари и да се снаоѓаат како знаат и умеат“, рече Николовски.

Николовски посочи дека во секоја гранка во земјоделството има кратење на субвенциите и доцнење со исплата.

„Пишувате во програмата за некакво покачување на субвенциите за сточарството од 50%. Да не мислевте намалување за 50%. Првата работа што ја направивте, покрај еден милион евра за големите, што е најкоруптивната мерка, е намалувањето на субвенциите за говедата од 12.000 на 8.000 денари. Па им правевте математика на земјоделците како со еден денар плус ќе добијат повеќе. Субвенциите ем се неисплатени, ем се намалени. Никаде во програмата не кажавте дека ќе го укинете субвенционирањето на ситниот ориз“, рече Николовски.

Министерот Трипуновски, пак, се осврна на работењето на Министерствот за земјоделство во времето на СДСМ и рече дека луѓето кои што со години го водеа земјоделството и имаа можност да ги решаваат проблемите на земјоделците во Македонија, оставија разочарани земјоделци, уништени системи, недовршени проекти и целосно изгубена доверба во институциите“, потсети министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„Кога ја преземав функцијата, наследив една хаотична состојба, нерешени предмети, хаос во институциите, наталожени проблеми, неисплатени плати во јавните претпријатија, неисплатени субвенции и чувство дека Министерството служело за политичка пропаганда наместо за реална поддршка во земјоделството“, рече министерот.

„Да потсетам дека околу 1.600 вработени во ЈП Национални шуми 4 месеци немаа примено плата, а над 500 вработени во АД Водостопанство немаа земено плата дури 5 месеци, нив ги оставивте на цедило, без плата и здравствено осигурување“, нагласи тој.

Министерот посочи дека сегашната власт имаше обврска да исплати неисплатени субвенции од 2020, 2021, 2022 и 2023 година. За потсетување 17 месеци, претходната власт немаше исплатено субвенции за предадено млеко.

„Сакате факти за вашето неработење, тука говори и кредитот од Светска Банка земен во 2019-та година во износ од 46 милиони евра. Затекнавме многу слаба реализација во активностите за проектот, беше помалку 10%, а сите активности на проектот требаше да бидат завршени во јуни 2025 година“, додаде тој.

„Во делот на ИПАРД Програмата, која во изминатиот период ви беше омилена тема, во периодот 2017-2024 година немате акредитирано ниту една нова мерка, односно работевте по веќе акредитираните мерки во 2009 и 2015 година“, нагласи министерот Трипуновски.

Тој во текот на своето обраќање посочи дека во втората половина на 2022 година беше хакиран системот на министерството. Три месеци вработените немаале пристап до своите компјутери за работа и до потребната документација. Компјутерите беа онеспообени за работа, немаше бекап на податоците, не беше превземено ништо, немаше никаква одговорност. Стотици документи и материјали се изгубени, неповратно.

Пратеникот на СДСМ, Миле Талески, обвини за хаос во земјоделството, оценувајќи дека во изминатите две години се случил целосен распад на системот, проследен со корупциски скандали, блокирани европски средства и намалена поддршка за земјоделците.

„Пред нас овде не е интерпелација само заради него, туку интерпелација во којашто се отсликуваат катастрофалните состојби во овие две години коишто ги направија Цветан Трипуновски и неговиот ментор Христијан Мицкоски. Цветан Трипуновски, заедно со неговата криминална свита во неговото министерство, направија пустош во земјоделието и затоа ние пред македонските граѓани имавме обврска да поднесеме интерпелација“, рече Талески.

Талески потсети на корупциските афери во институциите од земјоделскиот сектор.

„Кога во две најважни институции во земјоделството избиваат корупциски афери, тогаш тоа не е случајност, тоа е системски проблем. Еден директор е фатен како прима поткуп од 100.000 евра, кај него се пронајдени 50.000 евра во кеш. Друг директор е фатен како бара поткуп од 50.000 евра за доделување средства од ИПАРД. Поради корупција и хаос во системот денес е суспендиран ИПАРД 3. Блокирани се 128 милиони евра европски средства. Во неизвесност се инвестиции од околу 130 милиони евра. Стотици проекти се доведени во прашање“, потенцираше Талески.

Најголем удар од политиките на Владата трпат тутунопроизводителите, посочи пратеникот на СДСМ.

Талески побара лична одговорност од министерот Трипуновски, потенцирајќи дека после пустошот којшто го направил лично тој заедно со неговата криминална свита и после предизборните лаги што им биле продавани на земјоделците, време е да поднесе неотповиклива оставка.

Министерот Трипуновски ја овбвини опозицијата дека ширела лагите и паника за наводно изгубените 130 милиони евра, а сега се гледа дека Брисел го признал доброто работење во делот на сузбивање на корупцијата.

„Во делот на финансиските средства и субвенциите, погледнете ги извештаите од Министерството за финансии, ќе видете дека од преземањето на власта до денеска се исплатени над 13 милијарди денари. Прашувате кога ќе бидат исплатени субвенциите на тутунарите, гледајте како овие денови ќе се исплатат 34 милиони евра кон македонските тутунари“, додаде тој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Скопјанка пронајдена почината, познат нејзиниот идентитет
Следна Статија Бугарија да ги отвори вратите за ЕУ, изјави Муцунски во Софија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Ердоган доаѓа во Македонија!?

Реџеп Таип Ердоган, претседателот на Турција и еден од највлијателните политичари во регионот доаѓа во Македонија , дознава Трендинг.мк. Според…

October 9, 2024
ПОЛИТИКА

Села го демантира Меџити, не е заинтересиран за влегување во владата

Претседателот на едното крило на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, ја оцени како конфузна и невистинита најавата на еден од…

October 30, 2025
ПОЛИТИКА

Таравари: Алијанса за Албанците оди во опозиција

Лидерот на крилото на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари, вечерва објави дека највисоките раководни органи вечерва донеле одлука партијата да…

May 12, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче од Маврово и Ростуше: СДСМ бараше минимална плата од 500 евра, но Мицкоски не прифати

„СДСМ бараше минималната плата да се зголеми на 500 евра, но Мицкоски и неговата влада тоа не го прифатија,“ изјави…

October 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?