Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Интензивно се работи на автопатот Прилеп-Битола, очекувам до 2027 година да биде завршен
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Интензивно се работи на автопатот Прилеп-Битола, очекувам до 2027 година да биде завршен
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Интензивно се работи на автопатот Прилеп-Битола, очекувам до 2027 година да биде завршен

Објавено November 2, 2024 15:40
Сподели
Сподели

Личен момент е да кажам дека сум исклучително задоволен што можеме конечно на терен да ги видиме сите оние работи коишто во позадина се прават, меѓу кои е и процесот на деминирање, решавање на имотно правни односи, експропријација, целата онаа логистика којашто е вклучена за да овој проект добие конечно вистинско значење, а тоа е дека почнува на терен да се реализира.

Ова го изјави премиерот Христијан Мицкоски по извршениот надзор во работата на патниот правец Прилеп-Битола, што е дел од Коридорот 10д.

Отворен е простор од 8 километри на целата траса, деминиран комплетно, решен имотно правно како што кажа и директорот на ЈПДП, во периодот којшто следи и тие преостанати 350 парцели ќе бидат имотно правно решени, битно е дека ние сме практично пред динамиката којашто ја имаа градежната компанија за да не го кочиме процесот и од она што можев во неформален разговор од одговорните да го слушнеме е дека до отприлика крајот на 2027 година, отприлика 3 години ќе бидат потребни за да ова овдека се заврши, рече премиерот и додаде

„Така што уште еднаш ја користам оваа прилика од мое лично име да се заблагодарам на сите учесници во овој проект. Би сакал да се заблагодарам и на вработените во ЈПДП, на директорот, на потпретседателот на Владата, министерот за транспорт, да се заблагодарам на сите градоначалници од овој регион, на пратениците коишто ја подржуваат работата на компанијата, на нејзината екселенција амбасадорката Агелер, на вработените во Бехтел и Енка, на Џош којшто континуирано не информира и работи заедно со нас во прогресот на овој проект, на сите вработени во Владата, во министерствата, во институциите коишто помагаат несебично да овој процес еве го доживее ова што денеска ние можеме свечено да го отпочнеме, а тоа е конечно да почнеме на терен да го реализираме тоа што го плаќаат граѓаните преку буџетот.

Уште еднаш голема благодарност и до вас медиумите што континуирано ја следите работата на политичарите и ве охрабрувам така да продолжите затоа што само преку вас ние можеме сето она што го правиме за граѓаните да го доближиме поблиску, а тие да ги почувствуваат бенефитите од сето тоа“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Од Скопје до Прилеп ќе се патува за час и десет минути, до Битола за час ипол
Следна Статија Мицкоски: Очекував сите заедно да работиме за интересот на државата и граѓаните, бизнис околината треба да биде што е можно поздрава

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

ЈПДП: Девет фирми се поканети да достават финансиска понуда за изградба на автопатот Букојчани-Кичево

Јавното препријатие за државни патишта (ЈПДП) информира дека е завршена претквалификациската фаза на тендерот за изградба на автопатот Букојчани-Кичево кој…

August 1, 2025
ЕКОНОМИЈА

Одлуката за ограничување на маржите на седница на Влада, се очекува да опфати над 100 групи производи

Владата денеска на седница треба да ја донесе одлуката за 10-процентно ограничување на маржите во трговијата на мало и големо.…

February 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

Средба на гувернерот Славески со претседателот на Федералните резерви на САД, Џером Пауел

Во рамките на 95-тото генерално собрание на Банката за меѓународни порамнувања (БИС) во Базел, Швајцарија, гувернерот на Народната банка, д-р…

June 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Станува ли чоколадото елитна храна!

Чоколадото е омилена храна за многумина, а неговите цени вртоглаво скокнаа. Имено, цената беше под влијание на лошата жетва на…

September 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?