Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Македонските институции реагираа подобро во Кочани отколку швајцарските во Кран Монтана
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Македонските институции реагираа подобро во Кочани отколку швајцарските во Кран Монтана
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Македонските институции реагираа подобро во Кочани отколку швајцарските во Кран Монтана

Објавено March 13, 2026 18:15
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека институциите во Македонија реагирале ефикасно по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, оценувајќи дека од аспект на системска реакција државата постапила подобро отколку во сличен настан што се случил во Кран Монтана во Швајцарија.

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски рече дека не сака да прави споредби меѓу трагедии, но сепак се осврна на реакцијата на институциите.

„Кога правите споредба на лоши настани, делувате некрофилски и јас не сакам да делувам така, но ќе дадам целосен одговор на вашето прашање“, изјави премиерот.

Тој нагласи дека, според анализите што ги направила Владата, системската реакција во Македонија била на повисоко ниво во споредба со случајот во Швајцарија.

„Ако се спореди тоа што ние како Влада го направивме со она што се случи во Кран Монтана во Швајцарија, можам да кажам дека неколкукратно подобро се споредува – во сите параметри и во сите споредби“, рече Мицкоски.

Премиерот додаде дека, и покрај институционалната реакција, трагедијата не може да се поправи, бидејќи изгубените животи не можат да се вратат.

„За жал, не постои начин да ги вратиме тие кои повеќе не се со нас. Но од аспект на системска реакција, кога ќе го споредиме тој настан со оној во дискотеката во Кран Монтана, македонскиот систем и институциите реагираа подобро од системот и институциите во Швајцарија“, изјави Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Апсурд во македонското судство: За недоспеан долг судијката Бисера Стефковска Митиќ замрзна имот на компанија од 1, 5 милион евра
Следна Статија Само 9,6 од македонските граѓани користат јавен превоз

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Утре и задутре општина Битола обезбеди бесплатен превоз до ски центрите на Баба

Општина Битола обезбеди бесплатен превоз до ски центрите на планината Баба, што ќе се реализира утре и во петок. Од…

January 7, 2026
МАКЕДОНИЈА

Извртен камион го затвори автопатот од Демир Капија до Смоквица

Камион што се излизгал а потоа и се извртел на автопатот „Пријателство“, на делницата од Демир Капија до Смоквица, целосно…

January 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Зиријета Јајага на местото на Нафије Селмани во Советот на АВМУ

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска едногласно усвои Предлог-одлука за именување на членови на Советот на Агенцијата…

June 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Мицкоски: Капацитетите на Армијата се зголемуваат – нови 29 оклопни возила од САД

„Како претседател на Владата, секогаш еден од моите врвни приоритети била безбедноста на државата, за чување на мирот, стабилноста на…

August 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?