Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски на гости кај Ердоган
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски на гости кај Ердоган
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на гости кај Ердоган

Објавено June 13, 2026 17:05
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски сподели на Фејсбук дека остварил средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

-Денес остварив билатерална средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, на која беше потврдена традиционално блиската, пријателска и стратешка соработка меѓу двете држави.

На средбата беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи, кои се темелат на меѓусебна почит, доверба и искрено пријателство меѓу двата народа. Разговаравме за можностите за дополнително продлабочување на економската соработка, зголемување на трговската размена, нови инвестиции, како и за унапредување на соработката во областа на инфраструктурата, енергетиката, туризмот, образованието и одбраната.

Ја нагласив важноста на Турција како значаен економски и политички партнер, истакнувајќи дека Владата останува посветена на создавање поволна и предвидлива деловна клима за нови турски инвестиции и отворање нови работни места.

Претседателот Ердоган ја потврди поддршката на Турција за развојот и просперитетот на Македонија, како и подготвеноста за понатамошно зајакнување на билатералните односи во сите области од заемен интерес.

Во рамки на разговорите беа разменети мислења и за актуелните регионални и меѓународни предизвици, при што беше нагласена потребата од стабилност, соработка и економски развој на регионот.

Изразивме уверување дека односите меѓу двете пријателски држави ќе продолжат да се развиваат со уште посилна динамика во периодот што следува, напиша премиерот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јакимовски сѐ уште не ја добил пресудата, но му ја врачиле поканата за во затвор
Следна Статија Синот го земал службениот пиштол од таткото и се заканувал

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Гордана Сиљановска-Давкова: Посакувам Новата година да биде време на исчекор кон траен светски мир

Честитка од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод новогодишните празници, која ви ја пренесуваме интегрално: „Годинава што си оди ќе ја…

December 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Скопје одбележува 62 години од катастрофалниот земјотрес

Скопје денеска ја одбележува 62. годишнина од катастрофалниот земјотрес што се случи на 26 јули 1963 година, кога животот го…

July 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Владата прогласи кризна состојба од 30 дена поради пожарите

Владата донесе одлука за прогласување на кризна состојба од 30 дена на цела територија на државата поради зголемената појава на…

July 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Херојот од Кочани доби спомен-обележје: возеше повредени, а почина по исцрпувачка ноќ

Во чест на Илчо Гоцевски, возачот на Итната медицинска помош кој несебично превезуваше повредени во трагичниот пожар во Кочани, беше…

March 18, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?