Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Некои политички партии од страв од пораз на следните парламентарни избори, го бојкотираат Изборниот законик
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: Некои политички партии од страв од пораз на следните парламентарни избори, го бојкотираат Изборниот законик
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Некои политички партии од страв од пораз на следните парламентарни избори, го бојкотираат Изборниот законик

Објавено July 5, 2026 14:14
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска за време на посетата на Кавадарци изјави дека кај некои политички партии, свесни за поразот на следните парламентарни избори, постои страв и поради тоа се обидуваат да го бојкотираат донесувањето на измените на Изборниот законик, односно го бојкотираат процесот земјата да испорача десет од десет индикатори од Реформската агенда.

Мицкоски по поставување камен-темелник на изградба на нов објект во рамки на Спортскиот центар „Јасминʼʼ во Кавадарци одговарајќи на новинарско прашање за вчерашниот состанок во Парламентот околу можноста да се донесе Изборниот законик и да се приближат ставовите на политичките партии нагласи дека по состанокот се помалку е оптимист за ова прашање.

-Очигледно е дека кај тие политички партии, свесни за поразот на следните парламентарни избори, постои страв и тие се обидуваат да го бојкотираат процесот за да не испорачаме десет од десет индикатори од Реформската агенда. Во ред девет од десет ќе има, а единствениот преостанат е Изборниот законик. Ние не сакаме тој да се носи со европско знаменце, ниту целиот процес да биде некако изнасилен. Мислевме дека имаме работа со зрели и одговорни луѓе кои се грижат за иднината на земјата, но очигледно е дека партиските интереси, партиското политичко мочуриште, финансиските интереси и некои други интереси се пред и над се ние тука не можеме да помогнеме, но по вчерашниот состанок се помалку сум оптимист – изјави Мицкоски.

Тој нагласи дека и вчера како политичка партија јасно го изнеле ставот оти гласањето на дијаспората е нешто што за нив претставува стратешка цел.

Од друга страна, додаде премиерот, дел од политичките партии излегле со сосема радикализирани позиции.

-Едната позиција беше да се гласа во рамките на Државната изборна комисија со консензус, нешто што за нас не е прифатливо. Тоа е позиција која некој ја поставува за да нема договор. Второ, политичката партија Левица излезе со барање за повеќе средства за кампањата, односно да има повеќе пари за рекламирање, како и да има една изборна единица, од СДСМ ги знаете барањата и така натаму. Нашиот став е јасен. Сакаат повеќе пари? Добро, нека има помалку за нас, а повеќе за нив. За тоа сме согласни. Согласни сме и да има една изборна единица. Подготвени сме да ги прифатиме сите барања на СДСМ и на коалициските партнери на СДСМ. Немаме никаков проблем – изјави Мицкоски.

Но принципиелно, додаде тој, никој не одлучува со консензус, освен во еднопартиски систем.

-Во демократијата, мнозинството ја носи одлуката. Тоа е суштината на демократијата. Ние не сме консензуална држава, ниту еднопартиски систем, па сите одлуки да се носат со консензус. Тоа е едното. Второ, мораме да најдеме начин. Ние на маса го претставивме и нашиот предлог – да се гласа по пат на пошта, со писма, како што тоа е овозможено во неколку десетици земји-членки на Европската Унија. Значи, подготвени сме да прифатиме, се да прифатиме и една изборна единица, како и поголем буџет за оние партии што не се дел од четирите најголеми. Нека има, нека се рекламираат ако сметаат дека тоа им е важно, само да го донесеме Изборниот законик – изјави Мицкоски

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Орбан: Владата на партијата Тиса ја води земјата кон диктатура
Следна Статија (ВИДЕО) Токсичен чад го покри Солун

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите на сексуално вознимирување да добијат заштита

Не е етничко, туку морално и кривично прашање, ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита. ДУИ…

October 15, 2025
ПОЛИТИКА

ТВ 24: Трајановски во Аеродром, Ацевски во Ѓорче Петров, Бузлевски јуниор во Ресен

Александар Трајановски поранешниот директор на ургентниот центар и актуелен член на ИО на СДСМ ќе биде кандидат на СДСМ за…

June 20, 2025
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Петрушевски: СДС молчи на пратенички прашања за Груби

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција упати серија обвинувања кон СДСМ, тврдејќи дека владее „молк и паника“ во…

February 27, 2026
ПОЛИТИКА

Филипче од Јегуновце: Оваа власт е соголена од лагите кои самите ги ветуваа а не ги испорачаа

За година и пол Владата на ВМРО-ДПМНЕ е соголена до кожа од лагите со кои победи на изборите, нагласи претседателот…

October 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?