Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Младеновска: Граѓаните прескапо плаќаат за неспособноста на владата на Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Младеновска: Граѓаните прескапо плаќаат за неспособноста на владата на Мицкоски
ПОЛИТИКА

Младеновска: Граѓаните прескапо плаќаат за неспособноста на владата на Мицкоски

Објавено July 19, 2026 12:43
Сподели
Сподели

Се’ е поскапено, цените се веќе до плафон. Граѓаните прескапо плаќаат за неспособноста на владата на Мицкоски, вели Рената Младеновска – членка на Извршниот одбор на СДСМ.

Во продолжение нејзината изјава

„Новото покачување на цените на дизелот ќе донесат и нов бран поскапувања на храната и другите услуги.

Наместо да преземе пакет од системски мерки Мицкоски се излезе повторно со нова најава – не за целосен пакет мерки туку само за некакво намалување на акцизите.

И повторно задоцнето, откако цените на горивата веќе пораснаа и повторно за граѓаните нема конкретни, таргетирани мерки.

Кога еднаш цените на ќе се покачат, тие не се враќаат назад. Тоа се случи веќе и сега ќе се случу повторно.

Политиките на Мицкоски се сведени само на најави, импровизации и задоцнети реакции. Тоа е моделот по кој функционира оваа Влада веќе две години.

Прво ги игнорираат проблемите, потоа дозволуваат кризата да го уништи животниот стандард на  граѓаните. Па дури кога штетата е направена, власта излегува со задоцнети и половични мерки кои не носат никакво олеснување за граѓаните.

Граѓаните две години скапо ја плаќаат сметката за неспособноста на оваа Влада – со празни џебови и фрижидери.

СДСМ со месеци бараше и понуди конкретни мерки за заштита на животниот стандард.

Предлагавме намалување на ДДВ за храната, укинување на ДДВ за основните прехранбени производи, намалување на акцизите, замрзнување на маржите, зголемување на минималната плата на 600 евра и системски мерки за заштита на куповната моќ.

Сите овие предлози, Мицкосски и неговата Влада ги одбија. Едноставно не ги слушаат барањата и потребите на граѓаните – не им се приоритет.

Наместо превентивни мерки, наместо решенија, наместо вистинска грижа што е задача на секоја влада – Мицкоски го стави народот на чекање и преживување.

Граѓаните се уморни од најави и чекања, додека секој ден е нов ценовен шок. Куповната моќ е срозена, а народот преживува од плата која секој месец вреди се помалку.

Потрошувачката кошничка секој месец урива нови рекорди. Скоро 70.000 денари се потребни месечно за покривање на основните животни трошоци.

Оваа Влада ја води државата кон економска и социјална пропаст, а граѓаните кон се подлабока сиромаштија“, додава таа.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јамал или Меси, кој ќе седне на светскиот трон?
Следна Статија Билбордот „Добредојдовте во Скопје“ исчезна од влезот на градот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Филипче: Идната година ќе ни биде уште потешка, ќе имаме сериозна криза!

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, им порача на граѓаните дека оваа 2025 година била тешка, но таа што доаѓа ќе…

December 26, 2025
ПОЛИТИКА

Манасиевски: Дали 1,3 милиони евра од набавката на житото во 2022 година, завршиле во џебовите на Заев, Филипче и Љупчо Николовски?

Дали 1,3 милиони евра од набавката на житото во 2022 година, завршиле во џебовите на Зоран Заев, Венко Филипче и…

December 5, 2025
ПОЛИТИКА

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, зад него е Амар Мециновиќ од Левица

Според првичните резултати објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија (ДИК) до 22:30 часот, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за…

October 19, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Она што го прави Левица за Изборниот законик е театар за нивниот мал број гласачи

 Премиерот Христијан Мицкоски се уште го чека предлогот на опозицијата за Изборниот законик, со цел тој да биде донесен, а…

July 9, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?