Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Муцунски: Политиката да не се меша во работата на Мешовитата историска комисија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Муцунски: Политиката да не се меша во работата на Мешовитата историска комисија
ПОЛИТИКА

Муцунски: Политиката да не се меша во работата на Мешовитата историска комисија

Објавено November 12, 2025 15:46
Сподели
Сподели

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска во врска со работата на Македонско-бугарската експертска комисија за историски и образовни прашања нагласи дека политиката нема право да се меша во академската слобода, а обврска на членовите на ова тело е да дебатираат и да носат заклучоци, засновани на научни методи.

-Една работа која што ја кажав уште на почетокот на нашиот мандат е дека политиката нема право да се меша во академската слобода. Обврската на членовите на таа комисија е да дискутираат, дебатираат и ако успеат да донесат некои заклучоци врз основа на нивните научни познавања. Така што, политиката ги има тргнато рацете, откако Владата ја предводи премиерот Мицкоски и откако јас сум министер за надворешни работи и надворешна трговија – рече Муцунски на денешната прес-конференција во Владата со потпретседателот на ЕИБ, Роберт Де Грот, одговарајќи на новинарско прашање да даде коментар на изјавата на бугарскиот копретседавач на Комисијата, Ангел Димитров дека Комисијата стагнира во своето работење.

Муцунски нагласи дека ниту имаат направено притисок, ниту влијаат, нешто што, како рече, за жал се случувало во минатото, а за кое коешто има сведоштва од членовите на Комисијата во тоа време.

-Јас доколку навлезам во коментирање на тоа што го кажал господинот Димитров, а верувајте имам личен став како човек, односно многу работи што тој ги кажа во последниот период, тогаш веројатно ќе ја постигнам целта што и тој ја посакува, да го политизираме тој процес. Јас единствено што можам да повторувам и често го кажувам тоа и како поединец којшто доаѓа од академската средина е да си работат како научници во рамките на таа Комисија – додаде Муцунски.

Министерот посочи дека има различни толкувања за одредени состојби од двете страни, но, како што истакна, ги оставаат академските работници независно да дебатираат, дискутираат и доколку успеат да дојдат до заклучоци.

-Ние не смееме да правиме какви било притисоци, ниту со наше толкување на фактите, ниту со поставување какви било временски рамки. Тие имаат слобода да работат онака како што сметаат дека е најдобро, одговори Муцунски.

Димитров за БНТ изјави дека Комисијата „е еден вид алиби во моментално многу комплицираните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија“ и додаде дека смета оти нејзината работа во моментов стагнира.

Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања минатата недела во Скопје ја одржа 38. редовна средба, согласно годишниот план за работа.

-За време на средбата од македонска страна беа доставени новите учебници за Историја и општество за V и VI одделение. Со оглед на новата реалност на средбата се разговараше околу идниот пристап и методологија во однос на дискусиите околу учебниците. Дискусијата по оваа тема ќе продолжи на следната средба – соопшти македонскиот тим во Комисијата.

На средбата бил потпишан записникот од 31. средба и продолжило усогласувањето по записникот од 32. средба.

-Нагласуваме, македонскиот тим низ својот проактивен пристап за градење на доверба, продолжува кон изнаоѓање на одржливи решенија, врз основа на взаемно почитување на сувереното право на другиот за различна перцепција кон минатото – стоеше во соопштението.

Следната средба ќе се одржи во првата половина на декември во Софија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Затвореници биле на платен список во „Комунална хигиена“
Следна Статија Николовски: Над 130 милиони евра во мирување по скандалот со ИПАРД, СДСМ предлага решение за деблокада

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Николоски: Победата во првиот круг во Демир Капија, да ја запечатиме на 2ри ноември

Победата во првиот круг е јасна, ќе ја запечатиме во вториот круг, ќе славиме на втори ноември, Наталија е новиот…

October 25, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ се извини за соопштение пратено до медиумите

„Упатиме искрено извинување до медиумите и до јавноста, за последното соопштение во коешто се споменува Викторија Трајков. Поради ненамерна грешка,…

February 26, 2025
ПОЛИТИКА

Пешевска: Бевме сведоци како се бираа уставни судии, партиски полтрони, јавни обвинители, резултатите од таквиот начин на избор ги гледаме сега

За реформите во судството ние седум-осум години во Собранието апелиравме многу како пратеници. Јас во тие два мандати учествував во…

February 7, 2025
ПОЛИТИКА

За руските пранкери Заев е најглупавиот политичар, крал на нивните шеги

Зоран Заев поранешниот прмеиер кој успеа „да падне“ на пранкерите Вован и Лексус мислејќи дека зборува со Грета и Порошенко,…

December 4, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?