Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На 14 јуни почнуваат уписите во средно образование
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > На 14 јуни почнуваат уписите во средно образование
МАКЕДОНИЈА

На 14 јуни почнуваат уписите во средно образование

Објавено April 5, 2025 12:24
Сподели
Сподели

Првото електронско пријавување за упис во средно образование во учебната 2025-2026 година трае од 14 до 17 јуни, а второто е на 30 јуни. Конечните ранг листи по двете пријавувања, училиштата ќе ги објават на 2 јули. Како и во изминатите учебни години учениците ќе треба да достават хартиени документи до училиштата, а се прават напори од следната учебна година процесот целосно да се дигитализира.

За ова министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска информираше во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа, потенцирајќи дека конкурсот е креиран во соработка со општините.

Општините имаа обврска да направат анализа на пазарот на трудот и да го известат Министерството за образование и наука за кадарот кој им е потребен. Врз основа на тие информации го креиравме конкурсот, кој е објавен на нашата веб страна и во печатени медиуми“, рече Јаневска.

По однос на полагањето на државната матура, министерката информираше дека оваа година дел од учениците ќе полагаат во холовите и спортските сали во рамки на училиштата, а дел ќе полагаат во амфитеатрите на најблиските факултети, заради поголема објективност на целиот процес.

Рече дека е неопходно да има растојание од 1,5 метар помеѓу учениците, апелирајќи до нив да не се вознемируваат од просторот каде ќе полагаат и да се фокусираат на подготовките.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ефектот Трамп – Американската берза изгуби повеќе од три трилиони долари за еден ден
Следна Статија Исчезна 12-годишно дете во Србија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Магла на Плетвар и во Тетово, Струмица и Делчево

Намалена видливост поради магла има на планинскиот превој Плетвар до 50 метри и во градовите Тетово до 100 метри, Струмица…

January 23, 2026
МАКЕДОНИЈА

80 години од кодификацијата на македонскиот литературен јазик

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје денеска организира чествување  по повод Денот на македонскиот јазик и 80-годишнината од…

May 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Штедачите на „Еуростандард банка“: Пет години нема ниту едно обвинение, ниту еден обвинет, ниту едно рочиште

Пет години по затворањето на „Еуростандард банка“, оштетените штедачи повторно јавно реагираат дека истрагата на Основното јавно обвинителство за гонење…

August 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски: Несовесното одложување на отпад нема да се толерира, десетици казни за правни субјекти

Скопје чисто, како што му доликува! Акцијата „72 часа” се одвива одлично, посочи градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. -Вклучени…

November 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?