Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Невладина на екс судијата Лазар Нанев добила 120 000 евра од Еразмус: Заев и СДСМ купуваа судии за да им вршат услуги, обвинува Манасиевски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Невладина на екс судијата Лазар Нанев добила 120 000 евра од Еразмус: Заев и СДСМ купуваа судии за да им вршат услуги, обвинува Манасиевски
ПОЛИТИКА

Невладина на екс судијата Лазар Нанев добила 120 000 евра од Еразмус: Заев и СДСМ купуваа судии за да им вршат услуги, обвинува Манасиевски

Објавено August 14, 2025 23:00
Сподели
Сподели

СДСМ и Зоран Заев преку Агенцијата Еразмус купуваа судии, 120.000 евра се префрлени на невладина организација во сопственост на сега разрешениот судија Лазар Нанев, обвини денеска Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Судството е во ваква очајна состојба со 2% доверба, затоа што Зоран Заев, Венко Филипче и СДСМ ги купуваа судиите со проекти и со пари, а тие за возврат свиреа како што ќе им се диригираше. Нанев беше омилен судија на Заев и на Филипче, па така тој експресно напредуваше во времето на СДСМ, затоа што ги извршуваше нивните насоки. За извршување на насоките и послушноста, Нанев добил и награда. Лидија Димова како директорка на Агенцијата, му доделила проект, на сега веќе разрешениот судија Лазар Нанев, проект од делот на Европските фондови КА201, кој е со главен фокус на училишното образование и вреден 120.000 евра – рече Манасиевски.

Невладината, додаде тој, која го доби овој проект е приватна организација на Нанев, во која само тој фигурира, ниту има вработени, ниту пак има некои други овластени лица.

– Патем, Нанев е човекот кој беше задолжен за ревизија на АКМИС-от во Министерството за правда во свое време и висок функционер во судската власт. Исто така, Нанев беше судија кој водеше случаи против поранешни градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, работејќи по насока на Зоран Заев. Додека во Германија вакви проекти се даваат на Институтот Гете или пак на Фридрих Александар Универзитетот, во нашата држава Зоран Заев и СДСМ купуваа судии и влијанија со парите од Националната Агенција Еразмус плус – рече Манасиевски.

Димова никогаш не одговори за што беа одобрени овие 120.000 евра, додаде тој.

– Како невладина организација од само еден човек, притоа судија, добива проект на невообичаен начин во тоа време? Дали Нанев овој проект го добил на база на награда за прогоните кои ги вршеше врз политичките опоненти? – рече Манасиевски.

Ова беше начинот на којшто Димова, Заев и СДСМ ја водеа државата, со купување на судии и на обвинители, додаде тој.

– Затоа сега судиите ги штитат и не ги судат. Затоа довербата е 2% во правосудството. СДСМ, Филипче и Заев знаат само за поткуп, криминал и за корупција. Затоа ним сега им пречи кога некој си ја работи чесно својата работата – рече денеска Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија МНР чека потврда за Дејанчо, а ова се убиените во Боливија
Следна Статија СДСМ: Разрешениот Нанев токму Тошковски го вработи во МВР – ДПМНЕ се дозакопа за скандалите со Еразмус+

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Се распаѓа ли Европскиот Фронт?! Села го повика Груби да се повлече од политиката и да се соочи со обвиненијата

Зијадин Села се огласи на Фејсбук профилот на својата партија по повод најновата црна листа на Америка, поздравувајќи ја одлуката…

December 10, 2024
ПОЛИТИКА

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850.000 евра?

Венко Филипче да не се крие и да одговори, дали јахтата со која крстари по Егејското море е на Заев…

August 13, 2025
ПОЛИТИКА

Тачи потврди: Јас и ДПА веќе не сме дел од „Европскиот фронт“

Претседателот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи, вечерва соопшти дека тој и неговата партија повеќе не се дел од…

October 7, 2024
ПОЛИТИКА

Нема операции на Кардиохирургија, дали министерот за здравство работи за приватните клиники, прашуваат од СДСМ

Според опозициската СДСМ, состојбата во македонското здравство е катастрофална. Како што оценуваат, неспопсбноста на власта, создаде таков хаос, што болниците…

September 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?