Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Неисправен автобус возел двојно повеќе деца од дозволеното на булевар „Борис Трајковски“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Неисправен автобус возел двојно повеќе деца од дозволеното на булевар „Борис Трајковски“
МАКЕДОНИЈА

Неисправен автобус возел двојно повеќе деца од дозволеното на булевар „Борис Трајковски“

Објавено April 3, 2026 22:02
Сподели
Сподели

Министерството за внатрешни работи објави дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки.

 

На 03.04.2026 година во 07:45 часот на булевар „Борис Трајковски“ во Скопје од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи извршена е контрола на автобус со скопски регистарски ознаки, сопственост на правен субјект од Скопје, со кој се врши јавен превоз на патници (организиран превоз на деца), при што е констатирано дека во истиот се превезуваат 85 патника, додека дозволено по сообраќајна дозвола е максимум 48 патника, односно возачот Ј.Д. (63) од Скопје, превезувал со автобусот 37 патника (деца) повеќе од дозволеното“, објави МВР на својот фејсбук профил.

 

Над возилото е извршен и вонреден технички преглед во овластена станица за технички преглед од страна на стручни лица, при што е утврдена техничка неисправност на возилото, односно неисправност на уредите за сопирање (сила на кочење на работна кочница и помошна кочница) и уредите што овозможуваат нормална видливост (скршено ветробранско стакло).

 

Против правниот субјект, одговорно лице во правното лице и возачот Ј.Д. (63) од Скопје се преземени соодветни мерки и ќе се соочат со законски предвидените санкции, додека возилото е исклучено од сообраќај се до отстранување на недостатоците“, објави МВР.

Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се придонесе за побезбедни патишта.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Руската Федерација
Следна Статија Уште еден американски авион се урна над Ормуз

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Амбасадата на САД во Македонија: Илинден е камен-темелник на македонската историјата

Амбасадата на САД во Македонија вчера имаше свои претставници на речиси сите локации каде се слави Илинден, а испратија и…

August 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски патува за Берлин на состанок на Берлинскиот процес

Премиерот Христијан Мицкоски ја предводи македонската делегација во германската престолнина каде ќе седне на иста маса со лидерите на Берлинскиот…

October 13, 2024
МАКЕДОНИЈА

Филков: Благодарен сум на помошта од сојузниците во откривањето на случаи на корупција, но некои работи ќе мораме сами да ги истераме до крај

Министерот за правда Игор Филков е благодарен на помошта од сојузниците во откривањето на случаи на корупција, но смета дека…

December 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Сестрата на Фросина: “Кој е следен?” да ве прашаме вас, Која трагедија ќе биде следна на менито на вашите интереси?

Росица Кулакова, сестрата на трагично загинатата Фросина Кулакова, која беше прегазена на пешачки премин на билеварот Партизански одреди во Скопје,…

March 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?