Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нема алкохол и пушење по собите- ќе се применуваат строги правила во студентските домови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Нема алкохол и пушење по собите- ќе се применуваат строги правила во студентските домови
МАКЕДОНИЈА

Нема алкохол и пушење по собите- ќе се применуваат строги правила во студентските домови

Објавено July 10, 2026 14:09
Сподели
Сподели

Во македонското Собрание се доставени измени на Законот за студентски стандард, со кои се заоструваат условите за користење на сместувањето во државните студентски домови преку изрекување на воспитни мерки до забрана за престој, како и определување на 30-годишна возраст, како горна граница, до кога ќе може да се добие сместување во дом.

Со законските измени, на студентите кои не се придржуваат на утврдениот куќен ред може да им се изрече воспитна мерка писмена опомена, опомена пред отстранување и забрана на користење на услугите во студентските домови на територија на државата. Овие мерки за за полесни прекршоци, како недолично и неодговорно однесување кон другите студенти и вработените во студентскиот дом, неодговорно однесување кон имотот и инвентарот на студентскиот дом со што се предизвикува помала материјална штета, непочитување на забраната за пушење во студентскиот дом, непристојно однесување во ресторанот на студентскиот дом, неодржување на хигиената во собата и заедничките простории во студентскиот дом и пуштање на гласна музика.

За потешки повреди на куќниот ред на студентскиот дом, може да биде изречена забраната на користење на услугите во студентските домови на територија на државата во период од една до пет годни.

Потешка повреда на куќниот ред на студентскиот дом е на пример, внесување и употреба на алкохол во собата, отстапување на користење на собата на друго лице со стекнување на материјална корист, како и нередовно плаќање на станарината.

Во измените се предвидува изрекување на забрана за користење на услугите на студентски дом поради ненавремено пријавување на дефекти на уредите кои би предизвикале материјална штета, внесување и употреба наркотични средства, непридржување кон прописите за заштита од болест, пожар, експлозија, штетно дејствување на отрови и други опасни материи и повреда на прописите за заштита на животната средина, навредливо, заканувачко, агресивно или насилничко однесување, физичко или психичко малтретирање, вознемирување, дискриминација или друго недолично постапување и десетина други прекршувања.

Измените на Законот за студентски стандард се поднесени пред три дена со потпис на четири пратенички од ВМРО ДПМНЕ.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Нема да дозволиме некој да гласа наместо другите, изјави Кузеска
Следна Статија Син се заканувал на мајка си во банка во Неготино, па нападнал и полицајци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Првомајски протест на ССМ: „За плата се бориме – не се молиме“

Под слоганот „За плата се бориме – не се молиме“ денеска во Скопје се одржа протест во организација на Сојузот…

May 1, 2026
МАКЕДОНИЈА

Клековски во Здравство, Шасивари во Правда, Перински во ФЗОМ, Стоиљковиќ во Локална самоуправа

Во најавената реконструкција на Владата на премиерот Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги земе ресорите Здравство и Социјална политика, труд и…

June 30, 2026
МАКЕДОНИЈА

Престанува мандатот на градоначалникот на Брвеница, следува постапка за нови избори

Владата донесе одлука за престанок на мандатот на градоначалникот на Општина Брвеница, со што се отвора постапката за распишување предвремени…

July 7, 2026
ПОЛИТИКА

Лукровски „Со љубов за Карпош“: Транспарентно носење ДУП-ови во интерес на граѓаните

Можам да ветам дека се што ќе правиме, ќе правиме транспарентно, нема да работам во интерес на поединци, рече кандидатот…

August 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?