Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николовски: Заплените се зголемени за 48 проценти, изготвен е и нов Протокол со БЈБ за заедничко делување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Николовски: Заплените се зголемени за 48 проценти, изготвен е и нов Протокол со БЈБ за заедничко делување
МАКЕДОНИЈА

Николовски: Заплените се зголемени за 48 проценти, изготвен е и нов Протокол со БЈБ за заедничко делување

Објавено November 5, 2024 15:39
Сподели
Сподели

Бројот на случаи на заплени во изминатите четири месеци е зголемен за 48 проценти, а соработката на национално и меѓународно ниво е значително унапредена. Изготвен е нов протокол со Бирото за јавна безбедност, а со поддршка на ОБСЕ, се со цел унапредување на меѓуинституционалното делување и жестока борба со сериозен криминал.

Ова е јасен показател за нашата посветеност во борбата против пролиферација на мало и лесно оружје, истакна директорот Бобан Николовски, на Конференција на високо ниво за соработка меѓу полицијата и царината за мало и лесно оружје и за криумчарење мигранти во Југоисточна Европа во организација на ОБСЕ.

На маргините на конференцијата директорот оствари средби и со претставници на CIVIPOL на којашто беше дискутирано за отпочнување на активности за вклучување на Царинската управа во заедничките центри за соработка со полицијата.

Директорот при обраќањето ја истакна и посветеноста за развој на К9 единицата како исклучителна важна за спречување на нелегалната трговија на мало и лесно оружје, при што ги поздрави активностите на ОБСЕ и донаторите за изградба на регионален К9 тренинг центар на МВР.

Од аспект на преземените активности во борбата со сериозен криминал директорот истакна дека зајакнати се и капацитетите на мобилните тимови.

Од први јули до 31 октомври мобилните тимови оствариле 85 заплени, споредбено со само 59 заплени во претходните седум месеци.

Доставен е и извештај за сериозен организиран криминал што ќе биде основа за анализа и изготвување нова Национална проценка за закани од областа на сериозен криминал.

Активностите што се преземаат за спречување на пролиферација на оружје, се согласно и со Стратегијата на Царинската управа за спречување на недозволена трговија со огнено оружје и муниција, како и Акциониот план во надлежност на Секторот за контрола и истраги.

Директорот на конференцијата го истакна значењето во спроведување ефикасни контроли како и континуираното вложување во развојот на човечкиот капитал како клучно во заложбите за жестока борба со сериозен криминал.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Жена прегазена на паркинг во Ѓорче
Следна Статија Ѓоковиќ се повлече од завршниот АТП турнир поради повреда

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Пандов: Еден осуденик државата ја чини над 10 илјади евра годишно, крајна цел е намалување на затворската популација

Еден затвореник државата ја чини околу 2 100 денари на ден или над 10 илјади евра годишно, во зависност од…

October 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Ни доаѓа голем празник – Архангел Михаил ќе ви ги оствари желбите, но мора да исполните еден услов

Архангел Михаил е водачот на небесните војски кој секогаш се јавувал на местата на кои се појавувала Богородица, така што…

November 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Учениците од денеска на зимски распуст

За околу 250 000 ученици во основните и средните училишта денеска почнува зимскиот распуст. На настава ќе се вратат на…

December 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Српче прави партија: Српска демократска лига

Поранешниот градоначалник на Центар Саша Богдановиќ ќе прави нова партија. Ќе носи име Српска демократска лига и ќе има за…

March 5, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?