Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Миодраг Давидовиќ – Дака нема да гради во Македонија, повлечен е од годишниот план за инвестиции
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Миодраг Давидовиќ – Дака нема да гради во Македонија, повлечен е од годишниот план за инвестиции
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Миодраг Давидовиќ – Дака нема да гради во Македонија, повлечен е од годишниот план за инвестиции

Објавено April 2, 2026 08:37
Сподели
Сподели

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, изјави дека владата ќе го повлече црногорскиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ – Дака од годишниот план за инвестиции за изградба на енергетски објект во Штип, откако од ВМРО-ДПМНЕ стигна реакција дека проектот ќе биде отстранет.

Николоски додаде дека ниту Давидовиќ , ниту која било негова компанија нема да гради во Македонија.

Годишниот план претставува само иницијален документ во кој се утврдуваат почетните позиции и дека тоа не значи автоматски одобрување за изградба. Изградбата на енергетски објект е долга и сложена процедура, во која следуваат повеќе фази – од урбанизација, изработка на еколошка студија, процена на влијанието врз животната и социјалната средина, па сè до финалното овластување што го издава Министерството за енергетика, а го потврдува Владата“, вели Николоски

Според него, дури во фазата на овластување се бара банкарска гаранција од 25 илјади евра по мегават, по што се врши детална проверка на потеклото на капиталот и способноста на компаниите. Николоски потенцираше дека во иницијалната фаза не се проверува сопственоста на компанијата и дека токму затоа е важно што опозицијата реагирала во рана фаза.

Нашиот став е јасен – Миодраг Дака, ниту била која негова компанија нема да гради во Македонија“, истакна Николоски.

Тој потсети дека уште додека бил во опозиција го отворал ова прашање, посочувајќи дека кон крајот на август 2022 година ја објавил аферата со „Шик Јелак“, урбанистички план во Тетово кој бил првиот голем план усвоен по парламентарните избори во 2020 година. Според него, токму овој случај бил причина зошто тогашната градоначалничка Теута Арифи не заминала за амбасадор во Вашингтон.

Николоски додаде дека улогата на опозицијата е да критикува и да укажува и оцени дека во овој случај предупредувањето дошло навреме.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Треба да вратиме 2,5 милијарди евра долг од претходната Влада
Следна Статија Мицкоски: Само дома си е дома – Ќе се вратат младите што заминале од Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Цените на кафето Арабика паднаа на најниско ниво во последниот месец

Цените на кафето арабика паднаа на најниско ниво во последниот месец – 8 долари (6,8 евра) за килограм. Ова дојде…

September 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски најави директни летови од Скопје за Амстердам и Париз

Годинава ќе се отворат уште четири нови директни авионски линии од скопскиот аеродром. Тоа се директните летови за Амстердам и…

January 5, 2025

MacBook Pro по невероватна цена: Можете да го добиете за само 400 долари

Брза понуда која нема да трае долго - не пропуштајте ја шансата!

December 16, 2025
ЕКОНОМИЈА

За една година, цените на храната во кафеаните зголемени за 7,5%, а на алкохолот за 9%

Цените на угостителските услуги во септември 2025 година не забележале промени во однос на претходниот месец, но во споредба со…

October 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?