Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски oткрива: Во проектот за автопатот Кичево-Охрид биле изоставени банкини и жичени огради
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски oткрива: Во проектот за автопатот Кичево-Охрид биле изоставени банкини и жичени огради
ЕКОНОМИЈА

Николоски oткрива: Во проектот за автопатот Кичево-Охрид биле изоставени банкини и жичени огради

Објавено March 3, 2026 10:11
Сподели
Сподели

Дали на кого било му се верува дека во проектот беше изоставена, не сакам да употребам друг збор, еластична ограда или кај народот познати како банкина. Беше изоставена жичена ограда на автопатот и беше изоставена жичена ограда што се става на косините. Изоставени се клучни елементи и затоа Собранието го продолжи рокот за доизградбата на автопатот Кичево – Охрид и одобри дополнителни пари, рече вчера министерот за транспорт Александар Николоски.

Во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, Николоски напомена дека дополнителните 186 милиони евра се за галериите и заборавените банкини и клучки, а пролонгирањето е резултат на затекнати технички пропусти, финансиски потреби и неопходност од административно запишување на објектот.

Како еден од најголемите парадокси во досегашното планирање, министерот го издвојува недостигот на безбедносна опрема.

-Дали на кого било му се верува дека во проектот беше изоставена, не сакам да употребам друг збор, еластична ограда или кај народот познати како банкини. Беше изоставена жичена ограда на автопатот и беше изоставена жичена ограда којашто се става на косините. И тоа државата ќе ја чини дополнителни 37 милиони евра затоа што едноставно на почетокот не биле предвидени, истакна Николоски.

Тој повтори дека не биле предвидени ниту влезно-излезни клучки, ниту паралелни патишта кои се стандард за обезбедување алтернативна рута без плаќање патарина. Техничките предизвици, образложи Николоски, се зголемуваат и со проблемот со свлечиштата каде што цели планини се спуштаат на трасата, па се предвиде изградба на 14 галерии по целата должина.

И покрај новиот законски рок, министерот уверува дека самата градба ќе биде завршена во ветениот термин.

-Рокот останува 31.12.2026 година и ако го видите делот на откажување од побарување или ’клејмови’, ние успеавме да се договориме со изведувачот да се откажат од сите отштетни побарувања до 31.12.2026 година, што значи дека државата нема да плати денар плус од тоа што е предвидено, рече Николоски.

Според него, дополнителните пет месеци Собранието ги даде за премери и комисиски проверки за конечно запишување на автопатот бидејќи, речиси целата патна мрежа во државата технички се третирала како нерегистрирана градба.

-Ставаме дополнителен рок од пет месеци со цел да можеме да го запишеме автопатот и да добие употребна дозвола. Имајќи предвид дека јас се затекнав со една шокирачка состојба, а тоа е дека кога бев избран само два патни правци во Македонија беа запишани, сето друго е, народски кажано, дивоградба. Тоа не е диво градено, но имајќи предвид дека не е запишано, се третира така, како што охридскиот аеродром не беше запишан и ние го запишувавме. Запишани се Скопје-Штип и Демир Капија-Смоквица. Тоа се два потези коишто се запишани. Сè друго, вклучувајќи ги и старите автопати, не се запишани и ги нема никаде, објасни вицепремиерот и додаде дека градежните активности на терен се очекува да завршат во ноември или декември 2026 година, зависно од временските услови.

Оценка на Николоски е дека овој проект и понатаму е финансиски поповолен од поновите договори за другите патни коридори.

-Ова е сè уште најевтиниот автопат што во моментов се гради во Македонија. Просечната цена по километар за Кичево-Охрид изнесува околу 13,5 милиони евра, што е помалку во споредба со просекот од 16 милиони евра кај договорот со „Бехтел и Енка“ или предвидените 20 милиони евра по километар за делниците Кичево-Букојчани и Скопје-Блаце, дециден е Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Green Party takes Gorton and Denton from Labour in first ever Westminster by-election win – BBC
Следна Статија Hands-On With Nano Banana 2, the Latest Version of Google’s AI Image Generator – WIRED

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Продолжува силната активност за доизградба на железничкиот Коридор 8 кон Република Бугарија

Владата преку Министерството за транспорт продолжува со силната активност за доизградба на железничкиот Коридор 8 кон Република Бугарија, информираат попладнево…

August 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Се доближуваат ставовите во однос на каматата за унгарскиот заем со банкарската асоцијација

Премиерот Христијан Мицкоски денеска по средбата со Македонската банкарска асоцијација на која се прецизраа условите под кои бизнис секторот ќе…

November 17, 2024
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Ќе ја реконструираме пругата Скопје-Јегуновце-Тетово-Гостивар-Кичево

Очекувам за четири години да имаме целосно реконструирана и модернизирана пруга од Скопје до Кичево, истакна во интервју за ТВ…

August 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Американска старт-ап компанија тврди дека може жива да претвори во злато

Компанија која се занимава со фузија на енергија, тврди дека пронашла начин живата да ја претвори во злато. Компанијата „Маратон…

August 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?