Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од полноќ ќе точиме поскапо гориво
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Од полноќ ќе точиме поскапо гориво
ЕКОНОМИЈА

Од полноќ ќе точиме поскапо гориво

Објавено November 10, 2025 16:00
Сподели
Сподели

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,613%, кај дизелот за 2,881%, кај екстра лесното масло има намалување за 0,251% и кај мазутот има исто така намалување за 2,898%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,7827%.

Од 11 ноември 2025 од 0:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

моторен бензин Еуросупер БС-95 – 74,50 ден/л
моторен бензин Еуросупер БС-98 – 76,50 ден/л
дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) – 72,00 ден/л
масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 69,50 ден/л
мазут М-1 НС 36,427 ден/кг
Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за 0,50 денари/литар.

Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се зголемува за 1,00 денар/литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,486 денари/килограм и сега ќе изнесува 36,427 денари/килограм.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 0:01 часот на 11.11.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Орбан: Додека Трамп е претседател, нема да има санкции за Унгарија
Следна Статија Пендаровски го обвини Фрчкоски за „кафеанско озборување“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Од велешка Маслодајна бараат намалување на ДДВ за сончоглед од 10 на 5 отсто, а на суровото масло како суровина за производство на зејтин зголемување на ДДВ од 5 на 10 отсто

Прехранбената индустрија „Кристал 1923“ АД Велес попозната како Маслодајна оваа година откупи 4.950 тони домашен сончоглед и увезе 2.262 тона…

November 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

175 Црни петок зделки кои сè уште се активни, потврдени од стручњаци за зделки

Црниот петок речиси заврши за 2025 година, но сè уште можете да заштедите на подароци и листата на желби

November 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

ЕБОР ја зголеми прогнозата: Македонската економија со раст од 3% во 2025 и 2026

Европската банка за обнова и развој во својот есенски извештај ја ревидира нагоре проекцијата за македонската економија, прогнозирајќи раст од…

September 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

Русите го продадоа „Лукоил“: Ова е новиот газда на нафтениот гигант

Рускиот енергетски гигант „Лукоил“ соопшти дека постигнал договор со кипарската компанија „Гунвор Груп“, чиј сопственик е шведскиот милијардер Торбјорн Торнквист,…

October 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?