Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Отворено прво психолошко советувалиште за деца и адолесценти во земјава
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Отворено прво психолошко советувалиште за деца и адолесценти во земјава
ЗДРАВЈЕ

Отворено прво психолошко советувалиште за деца и адолесценти во земјава

Објавено June 6, 2026 17:34
Сподели
Сподели

Во Институтот за јавно здравје денеска официјално беше отворено првото психолошко советувалиште за деца и адолесценти во државата, кое ќе обезбедува стручна поддршка за деца, тинејџери, родители и наставници преку системот „Мој термин“, соопшти директорката на Институтот, Марија Андоновска.

Според Андоновска, советувалиштето е дел од пошироките активности за унапредување на здравствените услуги и зајакнување на довербата на граѓаните во институциите.

– Денеска за првпат го отвораме психолошкото советувалиште за деца и адолесценти, единствено од ваков вид во државата. Целта е стручни лица да работат со деца, тинејџери, родители и наставници во надминување на емоционалните, семејните и училишните предизвици. Ќе се нудат разговори, насоки и поддршка не само за справување со проблемите, туку и за поттикнување на емоционалниот развој, комуникациските вештини и надминување на бариерите со кои се соочуваат децата во предучилишна, училишна и адолесцентска возраст – изјави Андоновска.

Таа посочи дека услугите ќе бидат достапни преку упатување од матичен лекар и преку системот „Мој термин“, со што психолошката поддршка ќе стане подостапна во рамките на јавното здравство.

– На овој начин граѓаните ќе можат преку своите матични лекари во секое време да ги користат услугите на советувалиштето. Целта е полесно надминување на предизвиците и проблемите со кои се соочуваат децата и тинејџерите во општеството – додаде таа.

Покрај отворањето на советувалиштето, во Институтот беше презентирана и нова медицинска и лабораториска опрема, како и апаратура која претходно не била ставена во функција. Андоновска информираше дека во изминатиот период биле создадени просторни и технички услови за активирање на дел од скапата опрема која со години не се користела, а воедно биле набавени и нови уреди согласно потребите на одделенијата.

Меѓу новитетите е и станица донирана од Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА), која во реално време обезбедува податоци за радиоактивноста во воздухот, како и нова компјутерска опрема за потребите на Институтот.

Директорката истакна и дека е проширена листата на лабораториски услуги со воведување анализи кои досега биле ограничено достапни во јавното здравство.

– Институтот ги презема и овие дијагностички услуги за да им овозможи на граѓаните кои немаат финансиски можности да ги користат во приватните лаборатории, да можат да ги добијат и во државното здравство – рече Андоновска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мислеле дека не е жив: Водич на Монт Еверест преживеал шестдневната голгота, јадел чоколадо и џвакал мраз
Следна Статија Приведен пијан маж кој направил хаос во болница во Велес

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

КОНЕЧНО: Од јули на позитивната листа Клексан и Фраксипарин

Нови лекови ќе бидат ставени на позитивната листа во текот на претстојниот месец, најави денеска директорот на Фондот за здравствено…

June 25, 2026
ЗДРАВЈЕ

Зошто витаминот Д е клучен за здравјето на срцето?

Дневните потреби од овој витамин може да се задоволат и преку исхраната – еве каде е најзастапен. Витаминот Д е…

May 1, 2025
ЗДРАВЈЕ

Несовесното лекување било систематско, не случајно, смета обвинителството во случајот „Онкологија“

Здравиот има многу желби, а болниот само една, а тоа е да оздрави. Болните и нивните семејства имале доверба во…

September 5, 2025
ЗДРАВЈЕ

Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

Министерот за здравство Азир Алиу денеска во врска со тоа дали се планира воведување токсиколошки тестови за здравствените работници изјави…

October 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?