Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Охридските средношколци Андреа Савиќ и Славчо Мургоски златни на Балканијадата по механотроника, инженерство и електротехника
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Охридските средношколци Андреа Савиќ и Славчо Мургоски златни на Балканијадата по механотроника, инженерство и електротехника
МАКЕДОНИЈА

Охридските средношколци Андреа Савиќ и Славчо Мургоски златни на Балканијадата по механотроника, инженерство и електротехника

Објавено May 10, 2025 19:06
Сподели
Сподели

Учениците Андреа Савиќ и Славчо Мургоски од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид освоија златен медал на Меѓународниот натпревар во мехатроника, инженерство и електротехника „Балкан јуниор“ што изминатите два дена се одржа во Велење, Словенија.

Под менторство на професорите Владо Јанкулоски и Сања Јованоска до првото место тие дојдоа со освоени максимални сто можни бода и на теоретскиот и практичниот дел од натпреварувањето, во силна конкуренција натпреварувачи од средношколски центри од седум балкански држави.

Ова е четврти пат со ред ученици од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“-Oхрид да ја освојат првата награда на овој престижен меѓународен натпревар. Второто место ја освои екипата од Босна и Херцеговина, додека третополасирана беше екипата на Словенија.

Натпреварувањето во Словенија е 11-то по ред издание на „Балкан Јуниор“, во областа на мехатрониката, инженерството и електротехниката, осмислено со цел промовирање на техничкото образование и иновацитивноста кај младите луѓе.

Учеството во вакви настани придонесува за развој на практични вештини, решавање проблеми и тимска соработка, кои се вештини кои се неопходни за успех во современиот свет.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Џек Николсон дефинитивно нема повторно да го гледаме на филм
Следна Статија Изгоре дуќанот на Тивес во Лептокарија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Половина Ѓорче Петров веќе еден час е во мрак

Жителите на скопските Волково, Ново Село, Кисела Јабука, Стопански Двор и Орман како и делот од Ѓорче Петров во околината…

November 10, 2024
МАКЕДОНИЈА

Екс министерот Крешник Бектеши на распит во полицијата

Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши е повикан разговор во полиција, дознава Плусинфо. Бектеши е повикан на распит во полициската…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Митрополит г. Петар: Денес се роди оној што ја носи љубовта и мирот

Денес се роди оној кој ја носи љубовта во својата суштина, и мирот во своето битие, се роди Христос нашиот…

January 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Промовиран реобјавениот „Абецедар – сто години потоа“ со стручни текстови од професорките Јурукова, Ачкоска и Јачева – Улчар

Македонскиот буквар „Абецедарот - сто години потоа“ (1925-2025) со авторски текстови од проф. д-р Нада Јурукова, проф. д-р Виолета Ачкоска…

December 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?