Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Падна индустриското производство, за пет месеци е намалено за 0,3 проценти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Падна индустриското производство, за пет месеци е намалено за 0,3 проценти
ЕКОНОМИЈА

Падна индустриското производство, за пет месеци е намалено за 0,3 проценти

Објавено July 1, 2026 16:01
Сподели
Сподели

Индустриското производство во Македонија во мај 2026 година е намалено за два проценти во споредба со истиот месец минатата година, додека во периодот јануари – мај е забележан пад од 0,3 проценти во однос на истиот период лани, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

Според статистиката, единствен раст на годишно ниво е регистриран во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, каде производството е зголемено за 6,1 процент. Истовремено, рударството и вадењето камен бележат пад од 3,6 проценти, а преработувачката индустрија е намалена за 2,6 проценти.

Најголем придонес кон мајскиот пад имаат намаленото производство на електрична опрема (7,8 проценти), машини и уреди (12,9 проценти), како и производството на моторни возила, приколки и полуприколки (2,3 проценти).

Негативните резултати во преработувачката индустрија се должат и на намаленото производство во повеќе гранки, меѓу кои се прехранбената индустрија и индустријата за пијалаци, производството на тутунски производи, текстил и облека, хемиската и фармацевтската индустрија, металопреработката, како и производството на електрична опрема, машини и моторни возила.

Според главните индустриски групи, раст во мај е забележан кај енергијата (6,5 проценти) и интермедијарните производи, освен енергија (3,4 проценти). Од друга страна, капиталните производи се намалени за 3,3 проценти, трајните производи за широка потрошувачка за 1,1 процент, а најголем пад е регистриран кај нетрајните производи за широка потрошувачка – 8,4 проценти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Што смеете, а што не можете да внесете на граница за Грција
Следна Статија Надградена безбедносната контрола на Скопскиот аеродром, инвестиција од милион евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Со брзата пруга на Коридорот 10 од Скопје до Солун ќе се стига за помалку од час и половина

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска од настан во Солун најави дека Македонија ќе почне со изградба на…

June 18, 2026
ЕКОНОМИЈА

Рудник САСА и годинава, по традиција, обезбеди празнична поддршка за вработените и локалната заедница

Во периодот на новогодишни и божиќни празници, продолжувајќи ја својата долгогодишна традиција на грижа и солидарност, Рудник САСА, самостојно и…

January 8, 2026
ЕКОНОМИЈА

Скокна минималниот износ за К-15

Од 1 јули компаниите во приватниот сектор можат да започнат со исплата на регресот за годишен одмор, попознат како К-15.…

June 27, 2026

Веризон го реши прекинот во услугата и ќе додели кредити на засегнатите корисници

Мобилниот оператор се извини за прекинот кој траеше околу 10 часа и ќе додели кредити на погодените корисници

January 16, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?