Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пет кандидати на интервју за член на ДКСК
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Пет кандидати на интервју за член на ДКСК
МАКЕДОНИЈА

Пет кандидати на интервју за член на ДКСК

Објавено May 5, 2026 17:53
Сподели
Сподели

Комисијата за прашања на изборите и именувањата одржа седница на која спроведе интервјуа со пријавените кандидати по Одлуката за објавување на јавен оглас за избор на член на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Седницата ја отвори Ѓорѓија Сајкоски, претседател на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, а со неа понатаму раководеше претседателот на Комисијата за селекција, Игор Здравковски.

Кандидатите Катерина Зајковска, Марија Катралова-Китанов, Владимир Клековски, Тања Левајковиќ и Милка Муратовска ги изложија своите ставови и визии пред членовите на Комисијата, како и пред заинтересираната јавност.

Пратениците, претставниците на невладините организации и институциите имаа можност непосредно да поставуваат прашања во врска со нивното досегашно професионално искуство, нивните идни планови како членови на Државната комисија за спречување на корупцијата, како и прашања од областа на спречувањето на корупцијата.

По завршувањето на интервјуата со сите кандидати, претседателот на Комисијата информираше дека во рок од три дена Комисијата за селекција ќе изготви ранг-листа на кандидати. Врз основа на истата, Комисијата за прашања на изборите и именувањата во рок од два дена ќе достави предлог за избор на член на Државната комисија за спречување на корупцијата до Собранието.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Падна Владата во Романија: Парламентот изгласа недоверба
Следна Статија Филипче: Банкротот тропа на врата, за две години Владата ја задолжи државата за нови 2,3 милијарди евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Македонија доби хаубици БОРАН (ВИДЕО)

Турските влечни хаубици БОРАН со калибар од 105 мм минатата недела се испорачани во Македонија, а официјалната нивна промоција ќе…

June 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за „Безбеден град“: Резултатите се гледаат веќе во декември, нула жртви во сообраќајки во однос на лани

Премиерот Христијан Мицкоски е задоволен и досегашната имплементација на проектот „Безбеден град“ за што вели потврда се и бројките за…

January 1, 2026
МАКЕДОНИЈА

Важно: Од утре се затвораат споредните влезови на автопатот Охрид–Кичево

СВР Охрид ја информира јавноста дека од утре (29.04.2026), за сообраќај ќе бидат затворени сите споредни влезови и излези кои…

April 28, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Преговорите со ЕУ нема да ни ги решат сите проблеми, треба сами да ја завршиме домашната задача

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Отворено студио „100 дена Влада“ на МРТ говорејќи на тема за преговорите со Европската…

October 7, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?