Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пејачот Панчо од ДНК со изгореници на лицето и раката е на кислородна поддршка: Трагичната ноќ во „Пулс“ остави длабоки последици
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Пејачот Панчо од ДНК со изгореници на лицето и раката е на кислородна поддршка: Трагичната ноќ во „Пулс“ остави длабоки последици
МАКЕДОНИЈА

Пејачот Панчо од ДНК со изгореници на лицето и раката е на кислородна поддршка: Трагичната ноќ во „Пулс“ остави длабоки последици

Објавено March 16, 2025 10:22
Сподели
Сподели

По пожарот кој сношти изби во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде што настапуваше групата ДНК, пејачот Владимир Блажев-Панчо има изгореници на лицето и на раката и е на кислородна поддршка.

Засега нема информации за другиот пејач на ДНК, Андреј и останатите членови на бендот.

Во пожарот во дискотеката во Кочани загинаа 51 лице, а над 100 се повредени, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Според првичните информации, како што кажа Тошковски, пожарот избил поради пиротехнички средства кои се користеле за светлосен ефект на концертот на групата ДНК.

Пожарот избувнал околу 3 часот, неофицијално поради употреба на пиротехнички средства на концертот на кој присуствувале околу 1.500 луѓе, по што настанало стампедо за излез.

Според снимките од концертот споделени на социјалните мрежи, додека пее групата проследено со пламени прскалки, почнува да гори конструкција на таванот која за неколку секунди се разгорува, кусо потоа се обидуваат да го изгасат со противпожарни апарати, при што се слуша глас на микрофон кој вика „Излезете сите“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сите познати светски медиуми известуваат за трагедијата во Македонија
Следна Статија Хоспитализирани 152 пациенти по трагедијата во Кочани, 18 се во критична состојба

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Во Зрновци поставен камен-темелник на Дом за стари лица, прв во источниот дел на Македонија

Во Зрновци денеска официјално започна да се гради Дом за стари лица, прв објект од ваков карактер во источниот дел…

September 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

ФЕКАЛИИ ИМ СЕ ВРАЌАЛЕ ДОМА ОТКАКО ИМ ЈА ЗАТНАЛ КАНАЛИЗАЦИЈАТА Општина Центар го санкционираше инвеститорот

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, одржа итна средба со менаџментот на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ за да се…

March 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

ДУИ до Јаневска: УЧК е сè за Албанците, не ништо министерке

Изјавите на министерката за образование Весна Јаневска претставуваат тешка навреда за Албанците во Северна Македонија и обид да се избрише…

December 2, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на средба со Макрон

Премиерот Христијан Мицкоски објави дека остварил пријателска и срдечна средба со францускиот претседател Емануел Макрон. -Разговаравме за регионот, за прашањата…

June 5, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?