Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поради ниската откупна цена, дел од јагнињата останаа непродадени
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Поради ниската откупна цена, дел од јагнињата останаа непродадени
ЕКОНОМИЈА

Поради ниската откупна цена, дел од јагнињата останаа непродадени

Објавено March 7, 2025 17:41
Сподели
Сподели

Сточарите од штипско и радовишко се жалат дека дел од јагнињата останале неоткупени. Причина е ниската откупна цена која ја нудат кланиците од 230 денари за килограм жива мера, што за нив е под прагот на рентабилност. Од друга страна, приватните откупувачи им нудат по 300 денари, но во тој случај не ги следуваат субвенции.

Секоја година не лажат, вака ќе биде,онака ќе биде, ама од откупот на јагне оваа година воопшто не сем задоволни. Тутунот се продава по 500 денари, а јас не паметам тутунот да бил поскап од јанешкото. Од време сум сточар и не паметам да е било 2 килограми јагне, за 1 килограм тутун, изјави Асан Исмаилов, сточар.

До почетокот на месец март сите јагниња треба да бидат продадени, зашто откако ќе пораснат не се барани од трговците.

Само се мачиме, големите јагниња не ги купуваат. Од јагне од 15 и 20 килограми нема ништо пари, а ние се мачиме, Усеин Алиов, сточар

Многу слабо, трошок голем, а откуп за јагнињата нема. Чекаме, а јагнињата пораснаа. Бараме откупувачи, но не доаѓаат. Не знам зошто, дали немаат пазар, не знам како да ви кажам, изјави сточар.

Лани јагнињата се продаваа по цена од 300 денари за килограм жива мера, со што годинава речиси за една третина е намалена. Волната никој не им ја зема, а слабо оди и продажбата на сирењето. Ова е причината што низ селата во Плачковичкиот регион од година во година се намалува бројот на овци.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Работниците во ФАКОМ излегоа на генерален штрајк поради неисплатени плати
Следна Статија (ВИДЕО) Се урна мост во Белгија: Има загинати и повредени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Славески: Инфлацијата е стабилизирана, а девизните резерви се на сигурно ниво

„Инфлацијата во земјава е стабилизирана и инфлациските очекувања се закотвени, додека девизните резерви се на високо ниво и обезбедуваат силна…

December 23, 2025
ЕКОНОМИЈА

Повик за договор помеѓу Федералните резерви и Министерството за финансии предизвикува дебати на пазарот на обврзници

Кевин Варш предложи низа идеи за водење на Федералните резерви, а неговиот повик за нов договор со Министерството за финансии…

February 10, 2026
ЕКОНОМИЈА

Димовски: Четири мултинационални компании имаат донесено интерна одлука за инвестирање во државава

Четири мултинационални компании имаат донесено интерна одлука за инвестирање во земјава со што очекувањата се дека вкупната инвестиција ќе биде…

June 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Словенија и одржа лекција по економија на Европа

Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, во интервју за 24ur по состанокот на Советот на ЕЦБ, истакна дека Словенија…

October 20, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?