Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта утре во Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта утре во Скопје
МАКЕДОНИЈА

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта утре во Скопје

Објавено May 14, 2025 16:45
Сподели
Сподели

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта утре ќе престојува во еднодневна посета на Скопје, каде ќе оствари средба со премиерот Христијан Мицкоски.

По средбата, како што соопштуваат од владината прес-служба, е предвидена заедничка прес-конференција меѓу Мицкоски и Кошта во Владата.

Премиерот Мицкоски денеска во изјава за медиуми кажа дека на покана на Кошта ќе го придружува на неговиот лет од Скопје до Тирана, каде што претседателот на Советот на ЕУ ќе приреди вечера за лидерите на Западен Балкан, додека в петок ќе имаат состанок на Евроспката политичка заедница во Тирана.

Посетата на Кошта на Скопје, е дел од неговата турнеја во земјите од Западен Балкан, во чии рамки претходно ги посети Белград и Сараево, а нејзина цел е да ја потврди посветеноста на ЕУ кон регионот и перспективата на земјите од Западниот Балкан за членство во Унијата.

Зајакнувањето на соработката со Западен Балкан е врвен политички приоритет за ЕУ и за мене лично, порача Кошта во пресрет на неговата западнобалканска турнеја. Тој нагласи дека заминува во посета на регионот за да разговара со лидерите на земјите од Западниот Балкан, кои „се соочуваат со постојани предизвици“ и за да покаже дека ЕУ е подготвена да им помогне

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Луѓето со оваа крвна група стареат побавно
Следна Статија Предлог-Законот на СДСМ за помош на настраданите во Кочани не доби поддршка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам

Верниците од исламска веросиповед во земјава, како и во целиот свет, денеска го слават празникот Рамазан Бајрам, кој се смета…

March 20, 2026
МАКЕДОНИЈА

Градоначалникот на Делчево првата плата ја донираше на највредниот комунален работник ВИДЕО

На својот прв работен ден, градоначалникот на Општина Делчево Иван Гоцевски од ВМРО-ДПМНЕ го започна мандатот со симболичен гест на…

October 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Продолжи судењето за Дарко Каевски и Наумче Мојсовски

Со вкрстени прашања на одбраната кон економското вешто лице, денеска во Основниот кривичен суд – Скопје продолжи судењето за случајот…

December 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Подготвителна седница за Законот за јазици на 19 јуни

Претседателот на уставниот суд Дарко Костадиновски најави дека на 19 јуни ќе се одржи подготвителната седница за Законот за употреба…

May 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?