Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Проф. д-р Кузмановска: Првпат во државата изведена трансплантација на менискус
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Проф. д-р Кузмановска: Првпат во државата изведена трансплантација на менискус
ЗДРАВЈЕ

Проф. д-р Кузмановска: Првпат во државата изведена трансплантација на менискус

Објавено April 26, 2025 16:18
Сподели
Сподели

Првпат во државата е изведена трансплантација на менискус кај 30 годишен пациент, кај кој претходно е извршена тотална менисцектомија на медијалниот менискус.

Операцијата ја изведе доц. д-р Алан Андоновски, а во тимот се вклучени ас. д-р Милена Богојевска Доксевска, д-р Исмаил Велиу, д-р Теодора Божиновска, д-р Мики Ѓорески, медицинските сестри Билјана Тројановиќ, Сања Тодоровска, Костадинка Вуковиќ и болничарка Ирена Галевска. Анестезиолошкиот тим го сочинуваа д-р Мики Филев, сестра Злата Апостолоска и Гордана Захариева.

-Овој тип оперативен зафат не би бил можен без постоење на програмата за трансплантација и дарувањето органи од починат дарител. Во оваа прилика ја потенцираме важноста на алтруизмот на семејствата на починатите дарители, што на уште еден пациент, благодарејќи на нивното човекољубие, ќе му се подобри квалитетот на живот – изјави д-р Милена Богоевска Доксевска, болнички координатор за трансплантација на Клиниката за ортопедија.

Националниот координатор за трансплантација проф. д-р Билјана Кузмановска изрази огромна благодарност и почит за семејството на донорот, како и до целиот медицински тим вклучен во интервенцијата.

-Како национален координатор за трансплантација ќе продолжам уште поинтензивно во подигнување ба свесноста кај граѓаните за органодарителство. Исто така, мој врвен приоритет останува инвестиција во едукацијата и нови развојни методи во трансплантационата медицина, вели проф. д-р Кузмановска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk
Следна Статија Најмалку 400.000 луѓе присуствуваа на погребната церемонија на папата Франциск

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Акушерки од Македонија совладуваа напредни вештини за природно породување во Грција

Програмата на англиски јазик за доживотно учење „Advanced Clinical Skills in Labour and Childbirth“, што ја реализира Центарот за едукација…

December 16, 2025
ЗДРАВЈЕ

Водата во Гостивар е безбедна за пиење, информираат од ЈП „Комуналец“

Откако минатата недела Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) издаде наредба за забрана за пиење на водата од градскиот водовод…

October 11, 2024
ЗДРАВЈЕ

ПАП и ХПВ тестовите поевтинуваат, цените се намалуваат до 200 денари

Цените на ПАП и ХПВ тестовите се намалуваат, со што овие важни превентивни прегледи ќе станат подостапни за жените во…

June 10, 2026
ЗДРАВЈЕ

Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар

Според докторските податоци собрани од повеќе од девет милиони возрасни лица од Јужна Кореја и САД, речиси секој човек кај…

June 16, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?