Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: РКЕ предлага четири часа евтина струја дневно и ниска тарифа во сабота
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > РКЕ предлага четири часа евтина струја дневно и ниска тарифа во сабота
ЕКОНОМИЈА

РКЕ предлага четири часа евтина струја дневно и ниска тарифа во сабота

Објавено June 25, 2026 15:41
Сподели
Сподели

Регулаторната комисија за енергетика анализира проширување на евтината тарифа за струја од сегашните два на четири часа во текот на денот, како и нејзино воведување во сабота, најави претседателот на РКЕ, Ацо Ристов.

Според предлогот, дневната евтина тарифа би можела да важи од 11 до 15 часот, кога производството од фотоволтаичните централи е највисоко, а на берзите често се појавува вишок електрична енергија со многу ниски, па дури и нулти цени.

РКЕ разгледува евтина струја да има и во сабота, покрај постојната ниска тарифа во недела. Во моментов домаќинствата користат евтина струја од 13 до 15 часот и од 22 до 7 часот секој ден, како и непрекинато од сабота во 22 часот до понеделник во 7 часот.

Истовремено се анализира и можноста за промена на ноќната тарифа, бидејќи струјата на берзите е најскапа токму во вечерниот период од 21 до 23 часот. Ристов оценува дека сегашниот тарифен модел повеќе не ги следи реалните пазарни услови и растот на производството од сонце и ветер.

Првичните анализи треба да бидат завршени до крајот на септември, а евентуалниот нов тарифен модел би можел да почне да се применува од 1 јануари 2027 година. Засега не е донесена конечна одлука, а промените ќе зависат од пресметките и консултациите со производителите, снабдувачите и операторите на електроенергетскиот систем.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Костадиновски: Јас можам да биде сè само не анти-Албанец, политичарите сакаат квази-правна држава
Следна Статија Цената на златото на ново најниско ниво, доларот го гази еврото

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Средба на Народната банка и ЕБОР за новата Стратегија за земјава за 2025-2030 година

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерката Ана Митреска остварија средба со делегација на Европската банка за обнова и…

November 30, 2024
ЕКОНОМИЈА

Превозниците утре напладне ќе ги блокираат граничните премини поради Шенген-правилата

Превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и од Црна Гора утре на пладне започнуваат протест со блокада на граничните…

January 25, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мемов: Линераното зголемување на пензиите е на барање на пензионерите и е праведно

Линераното зголемување на пензиите е на барање на пензионерите и е праведно, вели директорот на Фондот на ПИОМ Никола Мемов.…

November 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Според експертите, најдобро е британскиот заем да се инвестира во Чебрен

Експертите сметаат дека инвестицијата во Чебрен со помош на британскиот заем би претставувала значаен чекор напред. Ова би било најразумно,…

June 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?