Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Русија го стопира транспортот на казахстанска нафта кон Германија преку „Дружба“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Русија го стопира транспортот на казахстанска нафта кон Германија преку „Дружба“
СВЕТ

Русија го стопира транспортот на казахстанска нафта кон Германија преку „Дружба“

Објавено April 22, 2026 21:01
Сподели
Сподели

Русија од мај повеќе нема да транспортира нафта од Казахстан до Германија преку нафтоводот „Дружба“, соопшти рускиот вицепремиер Александар Новак.

Новак, кој е задолжен за енергетиката, изјави дека испораките на казахстанска нафта за Германија преку „Дружба“, која повеќепати е цел на напади за време на конфликтот во Украина, од 1 мај ќе бидат пренасочени поради „актуелните технички можности“.

Тој додаде дека за ова ја информирал казахстанската страна за време на разговорите минатата недела.

Казахстанскиот министер за енергетика Ерлан Акенженов претходно изјави дека Русија планира целосно да го прекине транзитот на нафта преку „Дружба“ до рафинеријата ПЦК во германската покраина Бранденбург.

Акенженов рече дека Москва се повикува на технички тешкотии во транспортот на казахстанската нафта и посочи дека тоа би можело да биде поврзано со неодамнешните напади врз руската инфраструктура.

Новак, исто така, нагласи дека Русија нема интерес да биде транзитна земја, додавајќи дека Германија веќе се откажала од руската нафта и дека „на нивна страна сè функционира“.

Казахстанската нафта беше клучна за Германија во намалувањето на зависноста од Русија по инвазијата врз Украина.

Казахстан не планира да го намали производството и може да ги пренасочи испораките преку други рути, изјави Акенженов на маргините на еколошки форум во главниот град Астана.

Германската филијала на Росњефт добила известување од казахстанските партнери дека од мај се очекуваат потешкотии во испораките, јавуваат извори за ДПА.

– Мораме да разгледаме како да обезбедиме алтернативни испораки доколку е потребно, за ПЦК да продолжи да работи со полн капацитет – изјави портпарол на Росњефт Германија.

Нафтоводот „Дружба“ во последните месеци е предмет на спорови во Европската Унија, при што Украина тврди дека транзитот кон Унгарија и Словачка бил прекинат поради руски напади, што ја натера Будимпешта да блокира европски фондови за Киев.

Сепак, украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера соопшти дека нафтоводот е поправен. ЕУ денеска се согласи да одобри заем од 90 милијарди евра за Украина и да воведе нови санкции кон Русија, откако Унгарија ја повлече својата повеќемесечна блокада по изборите на 12 април, на кои изгуби премиерот Виктор Орбан.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија КАКО ВО ЛОША ТУРСКА СЕРИЈА: Родители ги дале двете малолетни ќерки, едната била силувана и родила дете
Следна Статија Европската комисија бара координација за да нема недостиг на керозин во летната сезона

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Конгресот на САД го усвои законот за намалување на странската помош и финансирањето на јавните медиуми

Претставничкиот дом на САД, кој е под контрола на републиканците, го усвои предлогот на претседателот Доналд Трамп за намалување на…

July 18, 2025
СВЕТ

(Видео) Сите гледаат во нозете на Путин: „Тој се бори да ја одржи контролата“, се огласи и Кремљ

Нозете на Владимир Путин повторно се во очите на јавноста, откако на снимката од јавен настан се гледа како тие…

December 4, 2024
СВЕТ

Трамп: Ако Зеленски не го прифати договорот за ретки минерали може да биде „во голема неволја“

Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа го предупреди украинскиот претседател Володимир Зеленски да не го отфрла договорот за ретки минерали…

March 31, 2025
СВЕТ

Ројтерс ја повлече снимката на која Си и Путин разговараат за долговечноста

Ројтерс соопшти дека го повлече  четириминутно видео од разговор меѓу рускиот и кинескиот претседател Владимир Путин и Си Џинпинг, на…

September 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?