Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Савески за „Мазутот во ТЕЦ Неготино“: Доколку се утврди неправилно ценење на доказите постапката ќе почне одново
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Савески за „Мазутот во ТЕЦ Неготино“: Доколку се утврди неправилно ценење на доказите постапката ќе почне одново
МАКЕДОНИЈА

Савески за „Мазутот во ТЕЦ Неготино“: Доколку се утврди неправилно ценење на доказите постапката ќе почне одново

Објавено May 22, 2026 21:47
Сподели
Сподели

Републичкиот јавен обвинител Ненад Савески, во интервју за неделникот „Фокус“, вели дека случајот за „Мазутот во ТЕЦ Неготино“ не е завршен и дека сега на потег е Вишото јавно обвинителство, каде што оштетената компанија ЕСМ поднесе приговор на решението за запирање на истрага.

-Сакам да напоменам дека јавнообвинителските одлуки не се пресудена работа. Доколку произлезат нови докази и нови околности постапката може одново да почне. Тоа е единствениот легалистички начин да дојдеме до правдата и вистината.Битно е да се истакне дека обвиненијата секогаш треба да бидат засновани врз основа на докази од кои тоа обвинение би се докажало пред судот надвор од разумно сомение. Исто така, доколку во текот на кривичната постапка судот донесе ослободителна пресуда и таа стане правосилна тогаш тоа е пресудена работа (res judicata), вели републичкиот обвинител Савески.

На прашањето на „Фокус“, дали републичкото јавно обвинителство има надлежност да направи ревизија на предметот самостојно, или тоа треба да го иницира МВР, Савески вели:

-Предметот не е завршен, најавен е приговор од страна на оштетеното правно лице. Доколку се утврди неправилно ценење на доказите, тој може да биде вратен на повторно одлучување. Без да прејудицирам каква било одлука, уверен сум дека низ една законита постапка, со почитување на принципите на самостојно одлучување, ќе дојдеме до конечна одлука која и од општата јавност ќе биде разбрана и прифатена. Ревидирање и преотварање на предмети во зависност од очекувања на други органи, институции или поединци не е можно, бидејќи тоа е спротивно на принципите на правна сигурност, истакува Савески.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поништена јавната набавка на електрични автобуси и електрични полначи
Следна Статија Овчар пријавен за исчезнат, пронајден починат по неколку часа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Пандов: Суспензија за полицаецот во Шутка кој го пренел телефонот до Васил Јованов, само денеска се одземени 70 мобилни

Суспендиран е затворскиот полицаец, којшто го пренел телефонот до Васил Јованов во притворското оделение во Шутка, но истрагата нема да…

February 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Mицкоски го покани Радев да ја посети Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарски прашања, го покани бугарскиот премиер Румен Радев да ја посети земјава. Мицкоски, по…

May 8, 2026
МАКЕДОНИЈА

Засега потврдени осум од 17-те кандидатури за градоначалник на Скопје

Изборната комисија на Град Скопје за МИА информира дека досега се поднесени вкупно 17 кандидатури за градоначалник, од кои осум…

September 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Повторно отворена Народната канцеларија на претседателката во центарот на Скопје

Народната канцеларија на претседателката на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова, од денеска е повторно во функција на граѓаните. Објектот се…

May 14, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?