Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ бара владата да ги поништи тендерите за мерење рејтинзи и да ги пренамени парите за Кочани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ бара владата да ги поништи тендерите за мерење рејтинзи и да ги пренамени парите за Кочани
ПОЛИТИКА

СДСМ бара владата да ги поништи тендерите за мерење рејтинзи и да ги пренамени парите за Кочани

Објавено March 29, 2025 17:56
Сподели
Сподели

Власта манифестира нечуствутелност и расипништво во време кога граѓаните врзуваат едвај крај со крај и се во колективна тага, реагира СДСМ, по најавата дека за време на деновите на жалост, Владата склучила договор за мерење рејтинг вреден околу 370 илјади евра, а во исто време, на тендер бара фирма која ќе набави софтвер за медиумски мониторинг, кој ќе ги собира објавените вести и ќе ги класифицира како позитивни, негативни или неутрални.

Од Бихаќка во ова гледаат обид за контрола врз медиумите. Бараат Владата да ги поништи тендерите и овие пари да ги пренаменети за жртвите од кочанската трагедија.

За поддршката на семејствата и граѓаните во Кочани се организираат донации а владата на ДПМНЕ троши 400.000 евра за анкети и мерење на рејтингот на Мицкоски. Тоа не било доволно па гледаме објава на нов тендер за уште еден скап проект – оцена на медиумското влијание, мониторинг на медиумите, на социјалните мрежи, прес клипинг и оценка на вестите.Тоа ли се приоритетите на власта? Нема пари за плати, нема за пожарникарите, за лекарите, за работниците, пари има само за папаја, манго и рејтингот на Мицкоски. Зошто да се трошат пари на граѓаните за прес-клипинг кога веќе има професионална служба за прес-клипинг во Владата? Граѓаните добро ги знаат режимските методи на ДПМНЕ и ова е само нивно продолжение. Како тоа Владата на ДПМНЕ планира да ги селектира медиумите како позитивни, негативни или неутрални, што ќе случи доколку известуваат негативно, ќе бидат казнети, замолчувани – праша Кузеска.

СДСМ води политика на ниски страсти и некрофилија, одговорија од ВМРО ДПМНЕ. Оттаму појаснуваат дека нема тендер за мерење рејтинг, туку истражување на јавното мислење за проекти и реформи за тоа дали народот ги прифаќа или не.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија О2 бара кривична одговорност и одземање на „А“ интегрираната дозвола на рудникот Тораница
Следна Статија Насилникот од Радовиш испратен на психијатриско лекување во Негорци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Сали: „АС Сењак“, алката што го поврзува Ахмети со Мијалков и српскиот режим

Четврти ден владее молк и паника. Нема објаснување за трансакциите со акции меѓу фирмата „АС Сењак“ и компании поврзани со…

September 30, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: И Апелација докажа дека СДСМ е лажно клеветничка партија

Апелациониот суд како неоснована ја одби жалбата на СДСМ, во случајот каде партијата беше тужена од премиерот Христијан Мицкоски за…

January 16, 2025
ПОЛИТИКА

Лукровски најави бесплатни прегледи за остеопороза за жени над 50 години во приватна болница

Сакам да ве поздравам да ви кажам добар ден од нашата најголема приватна здравствена установа Аџибадем Систина чии сме гости…

October 27, 2025
ПОЛИТИКА

Чонески: Да ставиме крај на недомаќинското работење на актуелната локална власт во Крушево

Нико Чонески во вториот круг на локалните избори ќе се бори за градоначалничкото место во Крушево. За градот кој го…

October 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?