Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СДСМ: Во министерството за дигитална трансформација тендери добивал сопругот на државната секретарка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > СДСМ: Во министерството за дигитална трансформација тендери добивал сопругот на државната секретарка
ПОЛИТИКА

СДСМ: Во министерството за дигитална трансформација тендери добивал сопругот на државната секретарка

Објавено March 10, 2025 17:57
Сподели
Сподели

Сопругот на државната секретарка во Министерството за дигитална трансформација, Гордана Клинчарова, добил два тендери во истото министерство во вредност од околу 50.000 евра, што според опозициската СДСМ отвора сериозни прашања за можен конфликт на интереси.

Фирмата што ги добила договорите претходно била дел и од проектот „Скопје 2014“ и, во исто време, финансиски ја поддржувала општина Аеродром токму во периодот кога Клинчарова била раководител за финансии. Опозициската СДСМ го нарече случајот класичен пример на непотизам и побара ДКСК итно да отвори истрага за, како што велат,спорните тендери.

Министерот за дигитална трансформација ги отфрла обвинувањата – на тендерот учествувала само една фирма, токму онаа на сопругот на Клинчарова, но ги исполнила сите законски услови, а министерството заштедило од 10 до 45% по производ.

СДСМ манипулира со бројките, државниот секретар нема никаков допир со јавните набавки, а Андоновски додава – ниту тој бил вклучен во изборот на компанијата, ниту постои законска основа за проверка на контактите на 150 вработени со приватни фирми.

Андоновски ги повика и ДКСК и Обвинителството доколку сметаат дека наводите за тендерите се спорни да ги истражат, а тие како министерство ќе ги достават сите документи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Убиецот на Ефтимов призна вина – бил под дејство на дрога
Следна Статија (ВИДЕО) Танкер со нафта и товарен брод се судрија во Северното Море

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Јанкоски: ЛДП бара итна и темелна истрага за нападот на вработената во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Прилеп

„Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува длабока загриженост и го осудува вчерашниот инцидент во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Прилеп, во…

March 25, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Црвените линии на Венко се тројанскиот коњ, Бојко зборуваше дека дал пари, сега што ли е во игра?

На вчерашниот народен митинг во Куманово во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор!…

October 5, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Груби со години ја крадел државата а негов соучесник бил Ковачевски, СДС и ДУИ знаеле, молчеле и не реагирале

Артан Груби со години ја крадел државата, а за тоа знаеле и СДС и ДУИ и МВР под водство на…

December 20, 2024
ПОЛИТИКА

Шукова најавува реформа на јавниот превоз преку набавка на еколошки автобуси

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, оствари средба со претставници од ЗИП Институтот и учесници во првото…

August 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?