Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се гони и таткото на возачот кој ја усмрти Фросина: му го давал возилото, а знаел дека нема возачка дозвола
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Се гони и таткото на возачот кој ја усмрти Фросина: му го давал возилото, а знаел дека нема возачка дозвола
ХРОНИКА

Се гони и таткото на возачот кој ја усмрти Фросина: му го давал возилото, а знаел дека нема возачка дозвола

Објавено April 3, 2025 11:48
Сподели
Сподели

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 50-годишен скопјанец за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Во текот на претходната постапка, јавниот обвинител обезбеди докази од кои произлегува дека обвинетиот, во периодот од 04.11.2022 до 30.01.2025 година со општоопасно дејствие предизвикал опасност за животот и телото на луѓето, свесен дека поради неговите сторувања можат да настапат штетни последици, а сепак лекомислено сметал дека тие нема да настапат.

Тој на својот син му давал да управува патничко моторно возило „Пежо 207“, иако знаел дека синот не смее да управува со автомобил бидејќи нема возачка дозвола и е повеќекратен сторител на сообраќајни деликти, и тоа: едно кривично дело – сообраќајна несреќа со полесни последици во ноември 2022 година, 11 сообраќајни прекршоци (возење без возачка дозвола, возење под дејство на алкохол, непочитување на семафор и на пешачки премин) во текот на 2023 и 2024 година, како и кривично дело – сообраќајна несреќа со смртни последици на 29.01.2025 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тошковски: За пожарот во Кочани се отвораат многу прашања во јавноста, постапуваме по наредбите од Обвинителството
Следна Статија Роднините на загинатите во пожарот во Тетово бараат нова истрага

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Фатон Љури осуден на 11 години затвор за прегазување на Југослав Николовски на кејот на Вардар

Основниот кривичен суд Скопје денеска му изрече казна затвор во траење од 11 години на 25-годишниот Фатон Љури, обвинет дека…

December 29, 2025
ХРОНИКА

Неготинец доби кривична пријава оти го демнел началникот на полицијата

ОВР Неготино, до Основно јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против Љ.Т.(66) од Неготино поради постоење основи на сомнение дека…

November 8, 2024
ХРОНИКА

79-годишен велешанец е прв во земјава кој ќе ја издржува затворската казна со електронска алка на ногата

79-годишен жител на Велес ќе биде првото лице во државата кое ќе ја издржува затворската казна со електронска алка на…

October 2, 2025
ХРОНИКА

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје од 2400 евра

Од Македонската православна црква – Охридска архиепископија, вчера во 17:25 часот е пријавено дека во периодот од февруари 2026 година…

March 17, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?