Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сириец (23) бодеше луѓе на улица во Австрија и уби 14-годишно дете
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Сириец (23) бодеше луѓе на улица во Австрија и уби 14-годишно дете
СВЕТ

Сириец (23) бодеше луѓе на улица во Австрија и уби 14-годишно дете

Објавено February 15, 2025 23:54
Сподели
Сподели

Дваесет и тригодишен Сириец по случаен избор избол петмина минувачи во Вилах, град во јужна Австрија, извести полицијата. Во нападот загина 14-годишно момче, а четири лица се повредени. Полицијата го привела осомничениот. Мажот е сириски државјанин со легален престој во Австрија, соопшти полицијата.

Ова е исклучителен и шокантен настан“, изјави Рајнер Дионисио, шеф на одделот за односи со јавноста на полицијата во Каринтија.

„Позадината на овој напад сè уште не е позната, а во моментов е во тек темелна истрага за целиот случај“, додаде тој.

Нападот се случил околу 16 часот на штанд за колбаси во центарот на Вилах, а 23-годишен Сириец ненадејно ги нападнал минувачите со нож, пишува „Кроне цајтунг“. Сите жртви се мажи. Две лица се полесно повредени, а две се тешко повредени.

Според пишувањата друг Сириец спречил да се случи уште поголема катастрофа. Четириесет и двегодишен доставувач на храна, исто така сириски државјанин, бил сведок на нападот. Без размислување се упатил со своето возило кон напаѓачот.

„Сакаше да оди кон центарот на градот, имаше деца на улица. Не можев да го дозволам тоа. И јас имам деца!“, рекол доставувачот.

Истрагата треба да утврди дали има можна терористичка позадина за нападот.

„Можете јасно да го видите како се смее на снимката од апсењето“, рече Дионисио.

Напаѓачот, кој претходно не и бил познат на полицијата, имал картичка за барател на азил на себе и наводно престојувал во прифатниот центар Лангауен. Сведоците исто така велат дека тој извикал Алаху Акбар.

„Ова страшно злосторство мора да има најтешки последици! Јас секогаш сум го кажувал тоа јасно. Секој кој живее во Австрија, мора да ги почитува законите и да се приспособи на нашите правила и вредности“, рече гувернерот на Корушка, Петер Кајзер.

„Секој што нема да го стори тоа мора да се соочи со најстрогите последици – да биде изведен пред суд, затворен и депортиран!“, рече тој.

И гувернерот изрази сочувство до семејството и жртвите: „Моето најдлабоко сочувство, како гувернер и пред се како татко, одам до семејството на убиениот млад човек“.

Лидерот на Партијата на слободата (FPÖ) Ервин Ангерер беше меѓу првите кои го коментираа нападот. Тој изјави дека е „длабоко шокиран од бруталниот напад со нож“ и ја критикуваше владејачката ОВП:

Ние во Партијата на слободата со години предупредуваме за вакви ситуации, кои се резултат на катастрофалната политика за азил на владејачката партија предводена од ОВП“.

Полицијата соопшти дека се уште не е јасно дали осомничениот делувал сам, па затоа продолжува со потрагата по евентуални дополнителни осомничени.

Претходно денеска беше објавено дека 37-годишна жена и нејзината двегодишна ќерка починале од повредите здобиени откако авганистански државјанин влета неделава со својот автомобил во толпата во Минхен.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ново дивеење на скопските улици: Возат бесно БМВ и предизвикуваат сообраќајка кај „Градска“ (ВИДЕО)
Следна Статија Бронзен медал за Трајковски на Балканското првенство во Белград

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(ВИДЕО) Пиротехниката виновна за пожарот во швајцарскиот центар Кран Монтана

Италијанското Министерство за надворешни работи соопшти дека проверува дали има италијански државјани меѓу загинатите или повредените во пожар во Швајцарија.…

January 1, 2026
СВЕТ

(ВИДЕО) Дали Макрон избегна ракување со Трамп?

На погребот на папата Франциск во Ватикан се сретнаа Емануел Макрон, Володимир Зеленски и Доналд Трамп, а подоцна на мрежата…

April 26, 2025
СВЕТ

(Видео) Израелската војска упадна на бродовите што пловат кон Газа, уапсена е Грета Тунберг

Израелските сили се качија на неколку бродови од флотилата „Глобал Сумуд“ и ги превезоа активистите во израелско пристаниште, разбивајќи протест…

October 2, 2025
СВЕТ

Папата откри дека бил цел на бомбаш самоубиец во Ирак: Еве што им се случило

Папата Франциско откри дека бил цел на самоубиствен напад кога го посетил Ирак пред три години, што е прва посета…

December 17, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?