Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска-Давкова: Ако гледаме низ призма на скрининг и реформи, би требало многу бргу да станеме членка на ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска-Давкова: Ако гледаме низ призма на скрининг и реформи, би требало многу бргу да станеме членка на ЕУ
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Ако гледаме низ призма на скрининг и реформи, би требало многу бргу да станеме членка на ЕУ

Објавено March 31, 2026 15:59
Сподели
Сподели

Ако гледаме низ призма на скрининг и реформски капацитети, би требало многу бргу да станеме членка на Европската Унија, ако се има разбирање за пречката поставена надвор од европските стандарди и критериуми – изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одговарајќи на новинарски прашања на заедничката прес-конференција со нејзиниот гостин. претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.

На новинарско прашање да ја коментира изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, кој во неделата рече дека „ако треба, ќе чекаме децении, но нема да прифатиме политики што директно влијаат врз нашиот идентитет, а не нудат предвидливост и јасен крај на процесот на пристапување во ЕУ“, таа оцени дека таа изјава била дадена во условна, кондиционална форма.

– Изјавата на премиерот беше во условна, во кондиционална форма „ако треба“… Јас мислам дека ние, по Црна Гора, ако се споредуваме технички, сме длабоко навлезени во евроинтеграцискиот процес, низ реформска призма, но не би можела јас да зборувам за кластери и за поглавја како мојот колега бидејќи првпат и во историјата на ЕУ и во историјата на европската заедница се поставуваат вакви услови за да почнете преговори. Ако гледаме низ техника призма, низ призма на скрининг, на реформските капацитети, би можеле и би требало, ако има разбирање за пречката, која е надвор од европските стандарди и критериуми, многу бргу да станеме членка на ЕУ – рече претседателката на заедничката прес-конференција со својот црногорски колега Јаков Милатовиќ, кој е во официјална посета на земјата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Федерацијата на Гана мислеше дека ќе ја победи Германија па го смени селекторот
Следна Статија Почина голманот на најдобрата бугарска репрезентација која беше четврта на светот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Повикани се 14 лица за случајот со насилство врз ученичка во Ѓорче Петров

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информира дека 14 лица се повикани на разговор во врска со случајот на врсничко…

April 28, 2026
МАКЕДОНИЈА

Ќе се открива бесправна сеча и лов, а ќе се следат и дивите животни: Во националниот парк „Маврово“ поставени камери

Управата на националниот парк „Маврово“ информира дека на 60 локации низ територијата на паркот  се поставени камери за надзор. Новиот…

April 3, 2026
МАКЕДОНИЈА

Ќе се гради Дом за стари лица во Кочани

До средината на јануари се очекува склучување на договор за изградба на старечки дом во општина Кочани, најави денеска заменик…

January 3, 2026
МАКЕДОНИЈА

Студентскиот стандард ќе се зголемува со повеќе од 30 милиони евра, се реконструираат студентските домови, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го зголемува студентскиот стандард со повеќе од 30 милиони евра, односно се зголемува за 18% повеќе…

November 18, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?